„Има надеж за Македонија, има надеж за секој од нас, за секој од вас, промените се чувствуваат. На Македонија и треба одговорна Влада, којашто ќе тргне да ги средува работите почнувајки од потребите на граѓаните. Ние имаме план. План за живот во Македонија. Ова е обмислен план, план кој се темели на европски вредности. План кој се темели на наука, историја и факти, рече меѓу другото Зоран Заев, лидерот на СДСМ пред делчевчани.
За 12 дена како што истакна лидерот на опозицијата тие ќе почнеле да го реализираат Планот за живот во Македонија. Вели оти ќе има живот за сите, за сите во Македонија.
„Нашата основна цел е јасна. Нашата основна цел е 30.000 денари просечна плата во Република Македонија. Ќе си ги плаќате редовно сметките, наместо да им поднесувате дебели сметки во пари и здравје на извршителите, истакна во својот говор во Делчево предводникот на листата за кандидати за пратеници во изборната единица 4 од коалицијата „За живот во Македонија“.









