Владата на Исланд денеска објави дека го суспендира ловењето китови до крајот на август, навестувајќи дека на контроверзната практика и се ближи крајот.
„Донесов одлука привремено да го прекинам ловот на китови до 31 август“, рече министерот за храна, Свандис Сваварсдотир, додавајќи дека одлуката е заснована на Законот за благосостојба на животните.
Министерот додаде дека оваа активност нема иднина доколку Владата и овластените китоловци не можат да гарантираат услови за добробит на оваа врста цицачи.
Последното активно ловечко друштво во земјата, „Хвалур“, веќе најави дека оваа сезона ќе биде последна поради падот на исплатливоста на риболовот.
Сезоната на лов на китови во Исланд трае од средината на јуни до средината на септември, но активностите најверојатно нема да продолжат по 31 август.
Годишните квоти дозволуваат убивање на 209 големи и 217 мали китови.
Но, уловот во последниве години е помал поради помалата побарувачка за месо од кит.
Според последните анкети, 51 отсто од Исланѓаните се против ловот на китови, наспроти 42 отсто пред четири години.
Исланѓаните се против ловот бидејќи убивањето на кит може да трае неколку часови и е спротивно на исландскиот закон.







