Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » И Наќе Чулев опфатен со истрагата за „Двојник“!?
Македонија

И Наќе Чулев опфатен со истрагата за „Двојник“!?

април 15, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва изјави дека истрагата за случајот „Двојник“, во врска со злоупотребите при издавање на пасоши, ќе се прошири, без разлика дали се работи за структури во МВР или надвор, и без разлика колку високо ќе се дојде во хиерархијата на полицијата.

„Нема толеранција за ниту еден, кој сака нека е тој, и во структурите на МВР и во државата генерално. Секако, со партнерските служби работиме надвор од територијата на државата, при утврдување на идентитетите и при преземање на мерки против лица кои тие ги користеле“, рече Спасовски во „Само вистина“ на ТВ Канал 5.

Министерот нагласи дека процесот на истрагата ќе покаже како и на кој начин тие се правеле.

„Ова започна како активност на претходната власт и режим. Вакви афери со лични карти, пасоши незаконски и така натаму, започнале многу порано, кои биле користени во изборни цели и за тоа се водеа постапки, од страна на СЈО беа покренати постапки и поднесени обвиненија, рече Спасовски“.

Сите детали од истрагата, како што посочи, ќе бидат детално анализирани, а се обезбедуваат и дополнителни докази.

Според него, важно е дека институциите реагирале веднаш и дека е спроведена истрага која дала резултати.

„По добивањето информации од Интерпол за таков случај веднаш беше отворена истрагата. Таму, во податоците, ќе видиме дека еден добар дел од пасошите се направени во периодот додека беше министерот Чулев на позиција“, рече Спасовски.

Прашан за тоа како е можно една политичка партија да располага со така важни информации, како што е таа за 214 фалсификувани исправи, Спасовски изрази сомневање дека опозицијата сакала да ја саботира акцијата.

„Апсолутно, тоа е обид за саботажа. Токму еден од луѓето кои се уапсени е човекот кој ги има извадено документите од системот и тоа на 27 јануари оваа година и тие докуметни се наоѓаат во штабот на опозициската партија. Тој работел во управните служби, токму на издавање на личните документи. Втората можност за да се добијат сите овие податоци е периодот кога нивен човек раководеше со МВР. Јас покажав документ во кој министер за внатрешни работи бара од одделот за крим-полиција да му се достават сите податоци за кои се водат истражни постапки, спротивно на законот. Не може некој да добива податоци за водење на истрагите. Втор документ е пронајден дека тогашниот министер бара за конкретно лице да пристапи до системот на Интерпол и притоа за потребите на неговиот кабинет. Ова се сериозни сомнежи, затоа повикав ОЈО да одработи во овој дел и да се утврдат сите овие аспекти кои ги имаме“, нагласи Спасовски.

Меѓу другото, Спасовски информираше и за тоа дека МВР отворило посебна криминалистичка обработка која се однесува за вработени или функционери, поранешни и сегашни, кои во одреден момент вадат или пласираат документи до
опозициската партија, медиуми итн.

„Таа обработка е во тек, прибрани се многу податоци. Тука ќе излезат на виделина сите работи, кој на каков начин ги прави и поранешни и сегашни функционери. Електронскиот систем покажува кој е тој што влегува во системот и вади такви податоци“, истакна првиот човек во Министерството за внатрешни работи.

Во однос, пак, на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека добивал закани по живот, но не пријваил во МВР, Спасовски го повика да појде да пријави во полициска станица, и секако, како што рече, институциите ќе одговорат.

 

(Фото: МИА)

актуелно двојник интерпол наќе чулев Оливер Спасовски Пасоши
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.