Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Иванов: Не знаев дека ќе се влегува во Собранието ниту планирав воена состојба
Судски процеси

Иванов: Не знаев дека ќе се влегува во Собранието ниту планирав воена состојба

февруари 11, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Како тогашен претседател на државата од ниту една служба немаше информација за најава на организиран влез на толпата во Собранието на 27 април 2017 година, изјави поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов сведочејќи на денешното судење за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Прашан дали како поранешен претседател на државата имал информации за оневозможување на мирно примопредавање на власта на 27 април 2017 годиназ Иванов, категорично рече дека такви информации немал.

Прашан за изнесените информации за прогласување воена состојба на 27 април 2017 година, Иванов рече дека се што е поврзано со воена состојба произлегло од текст објавен во еден неделник, неколку дена претходно.

– Беа изнесени невистини и шпекулации кои потоа се пренесуваа и коментираа.

Целиот текст е небулоза, затоа што Уставот е јасен. Како држава имаме строго дефинирани механизми за спречување злоупотреба на воена состојба. Тоа е школски пример на психолошка војна, за некој да преземе нешто, а вината да падне на претседателот и армијата, рече Иванов.

Прашан како тогашен претседател на државата, каков бил неговиот став за граѓанското движење „За заедничка Македонија”, Иванов рече дека тој јавно неколку пати ги поддржал, преку негови јавни излагања и соопштенија.

– Движењето „За заедничка Македонија” произлезе како одговор на т.н.

„Тиранска платформа” и изјавите дека Македонија како држава не треба да постои. Преку стотици иницијативи и барања од граѓани и членови на За заедничка Македонија” доаѓаа и продолжија да доаѓаат до кабинетот на претседателот, изјави Иванов.

Прашан дали лицето Синиша Алексовски го известувал за своите активности, Иванов рече дека освен што е усно информиран, за се има и пишани белешки.

– Советникот Синиша Алексовски кога се случија настаните на 27 април барав да се врати од службен пат. Кога се врати ми ја покажа фотографијата од Живаљевиќ и неговата комуникација за тоа што бара во Собранието, за што се покажа дека бил на барање на абасадата за да утврди дали имало и српски граѓани при упадот на Собранието, рече Иванов.

На денешното рочиште се повикани повеќе сведоци, меѓу кои и Биљана Бришковска Бошковски и Цветан Трипуновски.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

актуелно иванов Русковска собрание судење
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.