Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
  • Мицкоски: Имам мандат уште 13 месеци
  • ЈП „Паркови и зеленило“: Не паркирајте под дрва, нѐ очекува силен ветер
  • Од полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ивановски: Иванов не може да ја продолжи претседателската функција, граѓаните да го обезбедат изборниот цензус
Македонија

Ивановски: Иванов не може да ја продолжи претседателската функција, граѓаните да го обезбедат изборниот цензус

април 26, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

По завршување на претседателскиот мандат Ѓорге Иванов никако не може да ја продолжи функцијата. Тоа може да се случи само доколку има војна или вонредна состојба во државата, а тоа е сложена постапка за која е потребно двотретинско мнозинство. Затоа граѓаните треба да бидат одговорни за да се обезбеди изборниот цензус што не е толку недостижен, вели поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски.

„Иванов во никој случај не може да биде вратен. Ниту Свети Јован не може да го врати на функцијата. Таа комбинација отпаѓа во секој случај. Доколку не се спроведе изборот останува претседателот на Собрание….Не дека тој станува претседател на Републиката, туку ги врши неопходните функции што се за претседателот на Републиката до моментот на повторниот избор, вели Ивановски.

Тоа значи, како што појаснува, дека Талат Џафери не станува и претседател на Републиката и претседател на Собранието, туку во тој период неговите ингеренции во Собранието мируваат и нема право на одлучување. Во однос пак на претседателските функции, тој би ги вршел основните функциите на претседател на Републиката.

Според поранешниот претседател на Уставниот суд, неопходно е од кој било аспект, од уставно-правен, политички или од граѓански аспект, да се постигне цензусот и да се изврши избор на претседател на Републиката.

„Бидејќи првиот круг не ги даде очекуваните резултати, сега е неопходно на последното гласање да се постигне изборниот цензус, што изнесува 40 отсто од вкупниот број на избирачите. Доколку се дојде до најнепосакуваното, односно да не се обезбеди цензусот, тоа значи дека изборите се неуспешни и претседателот на Собранието веднаш треба да распише нови избори што треба да бидат спроведени во рок од 40 дена од моментот на распишувањето, вели Ивановски.

Со други зборови, како што додава, тие рокови се пократки и уставно се утврдени кога од ко јбило  основ на претседателот му престанува мандатот.

„Тогаш се оди на избори што мора да се спроведат во рок од 40 дена.  Доколку дојде до таква опција, тоа е многу скапо. Тоа значи арчење на народните пари, тоа значи покрај тие девет и овие девет милиони евра од овој напатен народ што значи една голема трагедија. Тоа предизвикува и политичка криза, се разбира, истакнува Ивановски.

Според него, најдобро е да се изврши изборот на претседател.

„Друго решение е да се оди на повторен избор, а трето иако тоа не е решение е да дојде до промена на Уставот каде што ќе се предвиди евентуално избор на претседателот во Собранието. Но, тоа подразбира промена на Уставот, тоа подразбира една постапка дека прво треба да се одреди потребата од промена на Уставот, па потоа да се оди на одлука за нацрт-амандман, па определување оваа одлука да се донесе, што значи еден подолг период на траење на оваа криза, што е апсолутно неприфатливо, додава Ивановски.

Говорејќи за изборниот цензус Ивановски вели дека сегашниот цензус е утврден во Уставот од 2008 година и оти дотогаш бил повеќе од 50 отсто.

„Потоа се отиде на 40 отсто. Така што може да биде и 30 отсто, иако веќе под тоа ниво би било несериозно да се оди на неопределување на никаков цензус. Меѓутоа, доколку се определува евентуално таков цензус, грижата можеби е уште повеќе на сите да не се дојде до тоа, бидејќи и тој цензус мора да оди преку уставна измена, па дали ќе биде намален цензусот или ќе биде избор во Собранието… тоа се рокови, смета Ивановски и додава дека несериозноста би била на политичките партии што допуштиле да се дојде до такво ниво.

Посочува дека тоа повеќе не и одговара на СДСМ како партија на власт, како и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ни на партиите од албанскиот блок.

„Сигурно дека најмалку им одговара на граѓаните, а бидејќи тие се експоненти треба и најмногу да бидат одговорни, да ја чувствуваат таа одговорност и да ги преземат сите мерки, сите дејствија за да се обезбеди изборниот цензус што не е толку недостижен, имајќи предвид дека околу 720-730 илјади и може да се обезбеди во секој случај, нагласува Ивановски.

Потребата од обезбедување изборен цензус Ивановски ја поткрепува и со фактот дека нови избори би значело и нови трошоци од државниот буџет.

„Ние сме релативно сиромашна земја и нас не ни требаат големи свадби, како што досега во еден дел се спроведуваа. Треба да биде економично и рационално, за што треба да се произнесе Собранието, вели тој.

Ивановски смета дека секој општественик, државник и функционер треба да биде одговорен за својата функција.

„Доколку се оди на повторни избори се знае што може да се понуди, се знае и кои се кандидатите, се знае и масата која нив ги избира, се знаат и нашите несериозни политички субјекти кои дозволуваат, така што и покрај тоа што се знаат сите овие работи мислам дека треба да се води сметка секој да биде одговорен општественик, одговорен државник, одговорен функционер на функцијата што истата треба да ја врши, вели поранешниот судија на Уставен суд.

актуелно иванов претседателска функција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.