Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Извештај на ИКС: Политичките актери се најголеми сејачи на токсични наративи
Македонија

Извештај на ИКС: Политичките актери се најголеми сејачи на токсични наративи

март 29, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со наближувањето на изборите се зголемува интензитетот на комуникацијата на политичките актери. Тие продолжуваат да бидат главен извор на штетни наративи при што зачестено користат остар јазик со емотивен набој во комуникацијата преку партиските веб-страници и фејсбук-профилите. Се користат непроверени податоци, селективно се презентираат информации, со што се оневозможува јавноста да добие целосна слика за работењето на политичките субјекти и не може да донесе информирана одлука, особено кога станува збор за изборните процеси.

Ова е оценката од третиот извештај во рамки на истражувањето „Мерење на политички штетни наративи“ (ШТЕТ-НА) на Институтот за комуникациски студии (ИКС), во кој се сублимирани податоците од мониторингот на комуникациските практики на политичките актери и нивното пренесување во медиумите во јануари и февруари 2024 година, во кои се идентификувани штетни наративи.

– Најголемите партии се и најголеми сејачи на токсични наративи (Прва е ВМРО-ДПМНЕ, а потоа СДСМ), па нив доминантно ги има и во медиумите. Покрај тоа што се почесто се изнесуваат непоткрепени обвинувања кон политичките опоненти има и зачестена појава на популистички дискурс и зачестени етноцентристички наративи. Ова е забележително особено кај партиите на Албанците, кои посегнуваат по реторика за величање на националната припадност и инсистирање на етничка персонализација на првите функции (премиер и претседател на државата). Заштитата на националните интереси на Албанците во државава е во фокус на промоцијата на сопствените идеологии во штетните објави на ДУИ, Европскиот сојуз за промени и Алијанса на Албанците. Исто така, политичките актери сè почесто меѓусебно непоткрепено се обвинуваат дека водат политики под „странско влијание“, стои во извештајот.

 

Според ИКС, загрижува фактот за зачестените критики на влијателните политички актери (и од поранешниот премиер и од лидерот на опозицијата) кон медиумите, со што се поттикнува клима за недоверба кон медиумските работници и нарушување на слободата на изразување.

Во јануари и февруари има раст на објавите со штетни наративи кај медиумите и рекорден број објави со штетна содржина кај онлајн медиумите. Како и претходно, во најголемиот број случаи, штетните наративи се „произведени“ од политичките актери, а не од новинарите. И во овој период доминира практиката некритички и еднострано да се пренесуваат непроверените наводи од политичките актери, најчесто во форма на целосно пренесени партиски соопштенија и говори на политичари.

– Позитивно во овие два месеци е што во речиси сите анализирани ТВ прилози ниту еднаш не е забележан говор со којшто се навредува одредена група или, пак, се оправдува говор на омраза кон одредена група. Исто така, кај одредени медиуми има тренд на намалување на бројот на прилози со штетни наративи во однос на претходните четири месеци од мониторингот, с енотира во извештајот.

Истражувањето ШТЕТ-НА, ИКС го спроведува со истражувачи и експерти од областа на комуникациите и медиумите. Предмет на мониторинг се 10-те политички партии и нивните лидери чии партии бројат најмалку двајца пратеници во парламентарниот состав 2020 – 2024 година, како и фејсбук-комуникацијата на членовите на Владата на РСМ. Кај медиумскиот мониторинг се следат 11 онлајн-медиуми и 9 телевизиски станици.

Ова истражување се реализира во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија: Користи факти“, поддржан од Британската амбасада во Скопје.

актуелно извештај икс наративи сечаји токсични
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.