Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ИЗРАЕЛ СЕ КРЕВА, ТРГНУВА ОДМАЗДА: За 48 часа мобилизирани над 300.000 војници
СВЕТ

ИЗРАЕЛ СЕ КРЕВА, ТРГНУВА ОДМАЗДА: За 48 часа мобилизирани над 300.000 војници

октомври 12, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Израелската армија за краток рок успеа да мобилизира околу 360.000 резервисти. Ова е најголемата мобилизација во Израел од војната во 1973 година, кога беа мобилизирани 400.000 резервисти, по ненадејниот арапски напад кој го предводеа Египет и Сирија.

„За 48 часа мобилизиравме 300.000 резервисти“, се пофали во понеделникот портпаролот на израелската армија.

„Ова ги прави израелските одбранбени сили (ИД) неспоредливи со остатокот од светот“, коментира воениот аналитичар Франц-Штефан Гади.

Повикани се околу четири отсто од населението во земјата од 9,8 милиони, од кои многумина поради повикот за војна се вратија од странство, пишува „Вашингтон пост“.

Некои доброволно се пријавиле, иако одамна ја поминале старосната граница за мобилизација, се наведува во текстот на угледниот американски весник.

Нападот на Хамас во саботата ноќта ги избриша политичките разлики во Израел.

Педесет и шестгодишниот приватен стопанственик Ноам Ланир, од Тел Авив, е еден од водачите на групата резервисти „Браќа и сестри по оружје“, која протестираше против планот на владата на Бенјамин Нетанјаху да ги ограничи овластувањата на Врховниот суд. Тој го дал својот приватен авион да ги превезе Израелците кои сакаат да се вратат дома од Италија и Грција.

„Го преживеавме Аушвиц, а ја преживеавме војната во Јом Кипур. Ќе го преживееме и ова“, изјавил Ланир за „Вашингтон пост“.

Израелците служат задолжителен воен рок од 18-годишна возраст, после што се распоредуваат во резерва, до 40-та година од животот.

Многу Израелци побрзаа да се вратат дома од странство, а бројни авиокомпании ги откажуваат летовите, па цените на билетите вртоглаво пораснаа.

На аеродромот во Берлин неколку десетици Израелци чекале со надеж дека ќе се качат во авионот за Тел Авив.

Прво војската, им рекле, најавувајќи им дека на летот можат да земат само десет луѓе без билет.

Израелската национален авиопревозник „Ел Ал“ најави дека планира дополнителни летови.

Во европските земји беа испратени и два транспортни авиони „Херкулес“, соопшти војската. „Летовите се полни“, им рекле на новинарите на „Вашингтон пост“ израелските резервисти кои се враќаат дома од аеродромот во Мајами, од каде има директен лет на „Ел Ал“ за Тел Авив.

Американскиот „Њусвик“ го споредува Израел со Русија: Израелците мобилизираа рекордни 300.000 резервисти за само 48 часа – подвиг за кој на Русите им требаше повеќе од еден месец, иако на војниците за едногодишен договор им нудеа привлечни 2.080 долари месечна плата.

Откако претседателот Владимир Путин објави делумна мобилизација за војната во Украина, рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, на 21 септември минатата година рече дека Русија цели на 300.000 резервни и поранешни војници – што претставува 0,2 отсто од населението на Русија, значително помалку отколку во Израел. Делумната мобилизација е завршена на 28 октомври 2022 година, соопшти министерот Шојгу.

Наредбата на Путин за делумна мобилизација се смета за неуспех, наведува во својот осврт „Њусвик“, поради, како што се истакнува во текстот, огромниот број Руси кои побегнале во странство.

Во деновите по прогласувањето на делумна мобилизација, 370.000 Руси ја напуштија земјата. Помеѓу февруари 2022 година и јули 2023 година, најмногу Руси преминале во Казахстан, потоа во Србија, Ерменија, Турција, членките на Европската унија, Израел, Црна Гора, Грузија и Соединетите Американски Држави, напиша весникот „Економист“ во август оваа година.

актуелно војна Израел мобилизација Палестина русија Тел Авив Хамас
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.