Скопската гимназија „Никола Карев“ е победник на Европското кошаркарско првенство за средношколци кое неделава се одржа во Скопје, во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија.
„Каревци“ во финалето ја победија екипата на средното училиште „Бохумил Храбал“ од Чешка со 99-95.
За најдобар игра на првенството е прогласен Ангел Стојанов од победничката екипа.
Кај дамите триумфираше чешкото училиште „Припоточни“ од Прага. Тие во финалето ги совладаа своите врснички од „Милорад Влашиќ“ од Босна и Херцеговина.
Елиска Јаванска беше прогласена за МВП во оваа конкуренција.
(Фото: Кош.мк)







