Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Италијанската Конфиндустрија отвори претставништво во Македонија
Економија

Италијанската Конфиндустрија отвори претставништво во Македонија

ноември 22, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Конфедерацијата на италијанска индустрија Конфиндустрија (Confindustria), организација која ги застапува италијанските компании, денеска во Скопје го промовираше своето претставништво што го отвори во Македонија.

Претседателот на Конфиндустрија Македонија, Марко Маркони посочи дека претставништвото е основано со цел да биде адреса за сите италијански претприемачи што бараат бизнис партнери во Македонија.

„Цел ни е да ги помагаме македонските и италијанските прептриемачи и да ги промовираме активностите на нашите членки, рече Маркони.

Италијанскиот амбасадор Карло Ромео рече дека Конфиндустрија е асоцијација која ги претставува производствените и претпријатијата за услуги во Италија во која има близу 150.000 членови од сите големини со 5,4 милиони вработени. Централното седиште и е во Рим, има 241 територијална канцеларија и здруженија, а од 1958 година има и постојано седиште во Брисел кое има за цел да ги застапува италијанските компании пред европските институции.

„Дојде моментот да направиме асоцијација за италијанските претпријатија кои се присутни во Македонија каде има 130 компании со италијански капитал од кои 40 се активни. Во 2016 година Италија е на 13. место по бројот на инвестиции во земјава со 107,6 милиони евра, рече Ромео.

Нагласи дека италијанските инвестиции во Македонија имаат комплексна димензија поради високиот квалитет на производите што се произведуваат во земјава и додаде дека постои можност за зголемување на инвестициите и на трговската размена меѓу двете земји.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев рече дека Италија е значаен трговски партнер на Македонија, со вкупна трговска размена во првите девет месеци од 2017 година од 367 милиони евра, што ја рангира на шестото место во однос на економската соработка.

„Владата е посветена на зголемување на соработката со компании од развиените земји, како што несомнено е и Италија и се надевам дека во годините кои следат порастот на економската соработка ќе биде процентуално изразен во двоцифрени бројки. Во изминатите девет месеци трговската размена помеѓу земјите забележа пораст од 6,6 отсто, а особено е значајно што извозот бележи пораст од 7,5 проценти, со што се намалува трговскиот дефицит, посочи Анѓушев.

Тој ги повика компаниите, членки на Конфиндустрија, да ги разгледаат мерките од Планот за економски раст и изрази надеж дека отворањето на канцеларијата ќе биде дополнителна можност за привлекување на инвестиции од Италија.

Претседателката на Сојузот на стопански комори (ССК) Данела Арсовска истакна дека Македонија и Италија се значајни трговски партнери и добри пријатели.

„ССК добро соработува со Конфиндустрија во Италија и во земјите од регионот и ме радува што ќе бидеме во можност да им пружиме логистичка, техничка и секој вид на друга поддршка во Македонија, рече Арсовска.

актуелно италија конфидустрија Кочо Анѓушев македонија сск
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.