Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Клиниката за уво, нос и грло по 15 години набави современа опрема за хируршки интервенции
Скопје

Клиниката за уво, нос и грло по 15 години набави современа опрема за хируршки интервенции

декември 19, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

По 15 години, Универзитетската клиника за уво, нос и грло, во Скопје, набави современа опрема за хируршки интервенции, како и нови апарати за анестезија.

Министерот за здравство, Венко Филипче, истакна дека со набавката на оваа нова софистицирана опрема, и обуките кои клиниката ги изведува секојдневно, Република Македонија ќе се вброи во редот на врвните регионални центри од областа на оториноларингологијата.

Станува збор за најнова генерација столб за ендоскопска хирургија на нос и параназални синуси, што претставува светски стандард за минимално инвазивна хирургија. Набавен е и ултразвучен нож, со што на пациентите ќе им биде достапна и ултразвучна операција на крајници, а секако е вредно да се спомене и воведувањето нова оперативна техника, ултразвучна увулопалатопластика, за решавање на проблемот со рчење, познат како опструктивна слип апнеа.

Исто така е набавен и флексибилен фибероптички ендоскоп, кој овозможува дијагностички оториноларинголошки преглед на носот и грлото, како и фибероптичка интубација кај пациенти кај кои е невозможен друг начин на интубација, процедура која се врши само на Клиниката за уво, нос и грло.

„Оваа опрема е наменета за прецизна дијагностика и софистицирана хирургија, која ја олеснува работата на лекарите-оториноларинголози и го подобрува здравјето на пациентите, потенцираше министерот Филипче.

Вториот дел од новата опрема се состои од два нови, најсовремени анестезиолошки апарата, надополнети со хемодинамски монитори, модул за следење на длабочината на анестезијата, како и три видеоларингоскопи со монитор за ендотрахеална интубација.

Со видеоларингоскопите почнува новата ера на ендотрахеална интубација, за која се планира да се спроведе и адекватна обука за сите специјалисти и специјализанти по анестезиологија, оториноларингологија и сродните гранки.

„Со помош на видео записите на процедурите, кои ќе ги изведуваме  со новонабавените апарати, може да се следи целата постапка на прегледот и интервенцијата, со истовремена едукација на специјализантите и специјалистите, што претставува една од главните дејности на Универзитетската клиника по оториноларингологија , изјави директорот на Клиниката за уво, нос и грло, д-р Јане Нетковски.

Новата опрема е набавена од буџетот на Клиниката и чини околу 130 илјади евра

актуелно апарати дијагностика клиника хирургија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.