Тела на 28 лица убиени со огнено оружје се пронајдени во северозападниот град Нуна во Буркина Фасо, потврди вчера тамошното обвинителство.
Истрага е покрената откако телата беа пронајдени на крајот на декември минатата година, објави обвинителството, без да прецизира други детали, можни сторители или мотиви зазлосторството.
Оваа западноафриканска земја веќе една деценија се соочува со бунт на џихадистите што се прошири од Мали.
Илјадници луѓе се убиени додека милиони се протерани од своите домови.
(Фото: АФП)







