На 11 избирачки места денеска имало прекин подолг од еден час, а евидентен е и проблем со гужвите.
Причина за гужвите за претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, биле мерките против пандемијата, а „изгубеното време“, вели, би значело дека таму ќе се продолжи гласањето онолку долго колку што е пропуштено.
„Се создава гужва затоа што во училниците се пушта по еден човек. Согласно упатствата во училниците може да има толку луѓе колку што има гласачки кутии. На сите што ќе се најдат пред местото за гласање ќе им се дозволи да гласаат“, рече Даштевски.
Дополнително, смета Даштевски, проблеми правеле и обемниот избирачки список и лошиот квалитет на отпечатоците.
„Избирачкиот список има многу повеќе страни, од што имал претходно, затоа што имаме рекорден број на листи. И поради тоа, проверката трае повеќе време. Од друга страна, преку една четвртина од одпечатоците на прстите кои ги добивме од МВР се со лош квалитет и утврдувањето оди поспоро, или пак не може да се утврди, па се оставаат на страна“, дециден е Дашковски.