Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Македонски уметници на групната изложба „Уметноста го обединува светот“ во Венеција
Култура

Македонски уметници на групната изложба „Уметноста го обединува светот“ во Венеција

мај 22, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Изложба насловена „Уметноста го обединува светот“ на група интернационални уметници меѓу кои и од Северна Македонија е отворена викендов во палатата Албрици-Капело во Венеција, како паралелен настан на Биеналето на архитектура Венеција 2023.

На изложбата учествуваат Клара Афонсо од Португалија, Патриција Казагранда од Германија, Арлета Чехиќ од Босна и Херцеговина, Јулија Дјаченко, Владимир Мартинов, Дима Сухов и УЛАН од Русија, Хелга Елбен од Германија, Кенрио Хара од Јапонија, Марко Кусмук од Србија, Ана Монтанаро од Италија, Марија Павловска од Северна Македонија/САД, а гостин на изложбата е Мице Јункуловски, Северна Македонија.

Организатори на изложбата се Германско-италијанското друштво – ACIT (Associazione Culturale Italo-Tedesca) во Венеција по идеја на Маријана Гнездилова, Русија, во соработка со OKXSA Projects (Оксана Жудина Бого, претседател и основач), ОСТЕН АРТ Скопје (Корнелија Конеска, директор) и СНЕГ Галерија Москва (Александар Филипов, директор)

Изложбата е под покровителство на Генералниот конзулат на Сојузна Република Германија во Милано, во соработка со АГИМУС Венеција и со поддршка на Гете Институт Италија.

За изложбата Корнелија Конеска, кураторка и директорка на ОСТЕН АРТ Скопје, меѓу другото ќе рече дека уметноста има моќ да ги надмине јазичните и културните бариери, а меѓународните уметнички изложби остануваат да бидат светилник на уметноста што придонесува за зближување на луѓето во заедничка визија за подобар свет, обезбедувајќи надеж и инспирација за иднината.

„Сликите изложени во прекрасната Палацо Албрици-Капело сместена во срцето на меѓународната уметност – Венеција, прикажуваат дела кои претставуваат широк спектар на стилови и традиции, од апстракција до фигурација, од традиционална уметност до поп-арт. И покрај нивната различност, сите овие дела имаат заедничка нишка: тие комуницираат со универзален јазик кој зборува за човечката состојба, без разлика од каде доаѓаме или во што веруваме. Секоја слика на оваа изложба покажува како уметноста може да биде катализатор за поврзување, комуникација и разбирање, вели Конеска.

Преку универзалниот јазик на боја, форма и емоции, овие дела, вели таа, нè повикуваат да го видиме светот низ нови очи и да ја цениме убавината и сложеноста на светот што го споделуваме.

„Во свет кој често се чувствува поделен на толку многу нивоа, изложбата „Уметноста го обединува светот“ нè потсетува на моќта на уметноста, и покрај се, да нè зближи и да создаде чувство на заедништво. Се надеваме дека посетителите ќе ја напуштат оваа изложба инспирирани, издигнати и поврзани со глобалната заедница на љубители на уметноста кои ја споделуваат нашата страст за креативност и убавина. Зашто, најпосле, преку обединувањето, уметноста ќе го спаси светот!, порачува Конеска.

Изложбата е отворена на 20 мај, а посетителите ќе можат да ја погледнат до 24 јуни 2023 година.

 

 

Извор/Фото: МИА

Венеција изложба македонски уметници
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Првиот фестивал на кинески филмови ќе биде отворен со филмот „Сонцето изгрева над сите нас“

октомври 2, 2026

Македонските фудбалери до 21 година одиграа нерешено со Црна Гора

октомври 2, 2026

Градските власти на Венеција планираат да ја зголемат цената на туристичкиот билет

септември 29, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.