Во Скопје во петок и сабота ќе се одржи меѓународен фестивал за улична уметност на живите статуи „Урбан фест“.
На фестивалот свое учество ќе имаат 17 артисти, шест од Македонија, двајца од Бугарија, еден од Германија, еден од Холандија, тројца од Португалија, двајца од Србија и двајца од Босна и Херцеговина.
„Урбан фест“ ќе биде поставен како класичен формат, како и сите останати фестивали од ваков карактер низ улиците ширум светот на пешачка зона која претежно се наоѓа во центарот на градот.
Во Скопје артистите ќе бидат стационирани на Сквер Јадран во Центар.
На средината на кружниот тек ќе се постави централна бина која ќе биде во функција преку целиот ден, а на споредните четири улички ке бидат поставени артистите и нивните актови – СТАТУИ.
Настанот е под покровителство на Општина Центар, а во организација на „Театроск“ продукција за улична уметност од Скопје.











