Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мијалков останува во притвор
Судски процеси

Мијалков останува во притвор

декември 22, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Кривичниот суд го прифатил предлогот на обвинителството за определување на триесетдневен притвор за Сашо Мијалков обвинет во предметот „Плацови на Водно“.

„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор против С.М. обвинет во предметот со КОK бр. 63/21 во јавноста познат како ‘Плацови на Водно’, а имајќи ја предвид итноста на постапката, Кривичниот совет, по добивање на предметот, одржа седница на советот и донесе решение со кое го прифати предлогот на Јавниот обвинител и на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена“, стои во соопштението од кривичниот суд.

Советот сметал дека се исполнети условите од чл. 165 ст.1 т. 1, односно дека постои опасност од бегство.

„Решението е во фаза на експедирање до странките во постапката кои имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје“ се истакнува во соопштението.

Претходно, Апелацискиот суд донесе одлука ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, да се брани од слобода. Апелација му ја уважи жалбата и прифати тој да гарантира дека нема да избега со недвижен имот вреден над 11 милиони евра.

Мијалков гарантирал со имот кој е регистриран и на други физички и правни лица. Притворот ќе му се укине кога ќе се запише хипотека на тој имот.

Гаранцијата ја прифатил кривичиот совет на апелација, односно судиите Тања Милева, Енвер Беџети и Ѓоко Ристов.

Обид да излезе од притвор Мијалков имаше и во јуни. Тогаш и Вишото јавно обвинителство даде согласност со гаранција од 10,8 милиони евра екдиректорот на УБК да излезе од притвор. Тогаш апелација ја одби гаранцијата и одлучи дека постои опасност тој да се даде во бегство.

Мијалков беше спроведен во затворот во Шуто Оризари на крајот на февруари кога му беше изречена казна затвор од 12 години за масовното прислушување, за судскиот процес „Таргет – Тврдина“.

Притворот му беше продолжен сѐ до пресудата за судскиот процес „Трезор“, за набавката на опремата за нелегално прислушување, каде што обвинителите одново побараа притвор за Мијалков сѐ до правосилност на пресудата.

За случајот „Трезор“, Мијалков доби казна затвор од 8 години, која сѐ уште не е правосилна.

актуелно гаранција обвинителство притвор Сашо Мијалков суд Таргет Тврдина Трезор
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.