Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » МОН и Фондот за иновации ќе финансираат проекти за млади истражувачи
Во Фокусот

МОН и Фондот за иновации ќе финансираат проекти за млади истражувачи

ноември 30, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Државата преку Министерството за образование и наука и Фондот за иновации и технолошки развој, ќе финансира проекти за млади истражувачи со вкупен фонд од 1,5 милиони денари.

Ова денеска го најавија министерката за образование, Рената Дескоска, и директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски, на прес-конференција во средното училиште „Раде Јовчевски-Корчагин“, на која беше објавен повикот за финансирање на истражувачки проекти во основните и средните училишта.

„Со вкупен буџет од 1,5 милиони денари ќе се финансираат научно-истражувачки проекти од областа на природните и техничките науки, подготвени од проектни тимови од најмалку тројца, а најмногу седум ученици, менторирани од најмногу двајца наставници, кои се лидери на проектот, рече Дескоска.

Истакна дека за секој поединечен проект можат да се доделат најмногу до 300.000 денари, со тоа што бројот на поддржани проекти и износите со кои што ќе бидат поддржани ќе зависат од конкуренцијата на пристигнатите апликации.

„Предвидено е да се доделат награди во две категории – истражувачки проекти во основно образование и истражувачки проекти во средно образование, што треба да бидат комплементарни со наставните програми, и да соодвествуваат на она што значи знаење и способности на категориите ученици кои ги предлагаат, истакна Дескоска.

Таа додаде дека ќе следуваат и парични награди во износ од 30.000 денари и за наставниците, кои ќе ја предводат реализацијата на првонаградените тимови, односно проекти во своите категории.

„Ова е иницијатива што води кон менување на општествената свест. Со ова сакаме да го поттикнеме критичкото и креативното размислување кај младите, да ја негуваме нивната љубопитност за осознавање на светот, на начин на кој ќе ги преиспитува однапред дефинираните вистини, тоа е целта на повикот, изјави Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.

Особено ќе се охрабруваат проекти што предвидуваат инклузивен пристап во формирање на тимовите – имаат еднаква родова застапеност, вклучуаат деца со различна етничка припадност, деца со посебни потреби, деца од различни возрасти, поднесени од училишта од рурални средини…

Пријавувањето на предизвикот за млади истражувачи ќе трае заклучно со 15.02. 2018 година.

актуелно иновации истражувачи МОН Рената Дескоска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.