Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » На Пендаровски му е доста од транзиција, а на Силјановска од просечност во политиката
Македонија

На Пендаровски му е доста од транзиција, а на Силјановска од просечност во политиката

април 24, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Различни пораки, едниот од Тетово, а другиот од Скопје, упатија синоќа претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Силјановска – Давкова во кампањата за вториот изборен круг.

Пендаровски повтори дека неговиот концепт е едно општество за сите и евроатлантско интегрирање, а не изолација и поделби. Силјановска-Давкова, пак, рече дека мора да стави крај на просечноста во политиката и дека треба да почне нова, пролетно ореинтирана политика која ќе ги разбуди најумните и најкритичните.

„Доста ни е од 30 години транзиција, од мрачниот тунел на криминалот и од режимот на фамилијата, истакна Пендаровски на средба со граѓаните во Тетово.

Потсети и дека оваа генерација политичари мораше да донесе одлуки што не ги го донел никој 30 години.

„Главната опозициска партија и пред и по првиот круг од изборите продолжува со жестока пропаганда врз трите главни столба на државата. Упорни се, особено нивниот кандидат, да поништат се што оваа структура направи, заговараат ревизија на сите договори, предочи Пендаровски.

Силјановска-Давкова која седна на дебата со младите, напомена дека без критичко мислење не може да има реформи. Воедно, во фокусот повторно ги стави жените.

„Мора да ставиме крај на просечноста во политиката оти нашиот живот веќе зависи од политичките одлуки. Се ова што се случуваше изминатите 30 години кога се клонираа луѓето, како киборзи станаа политичарите и ги клонираа себеси сличните. Мислам дека треба да си заминат и да почнеме една нова пролетно ореинтирана политика која ќе ги разбуди најумните и најкритичните. Се надевам дека можам тоа да го сторам. Ова особено важи за женскиот дел на популацијата кој иако доминира во многу професии, сепак не е на клучните функции и тоа ќе биде доказ за демократскиот капацитет и кредибилитет на македонската политика, посочи Силјановска.

Дополни и дека ако младите не бидат вклучени во решавање на сегашноста, нема да можат да влијаат врз иднината.

Таа претходно, на својот фејсбук профил порача дека е сфатена пораката од тие што не излегле да гласаат во првиот круг, на 21 април. Воедно ги повика оние што го поништиле гласачкото ливче, во вториот круг повторно да излезат и да гласаат за неа.

„До тие што не излегоа: ја сфативме вашата порака и апсолутно ве разбираме за вашиот револт и потребата да искажете незадоволство од случувањата на политичката сцена. Многу од вас кои не се согласувате со политиките на актуелната власт на Зоран Заев (криминал,насилие,неправда..) не се одлучивте да ме подржите мене. Но сфаќате дека имаме нова реалност, на прагот сме на победа. Затоа ви се обраќам со барање во вториот круг да излезете и вашето несогласување со лошото владеење на оваа власт да го искажете со гласање за опцијата која се бори за правда и за промена на оваа ненародна власт, напиша Силјановска.

Првиот круг од изборите се одржа на 21 април, а вториот е на 5 мај.

актуелно пендаровски политика просечност силјановска транзиција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.