Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Надлежните апелираат за помасовна анти-ковид вакцинација, рано е за симнување на маските
Градови

Надлежните апелираат за помасовна анти-ковид вакцинација, рано е за симнување на маските

март 22, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во текот на вчерашниот ден, по долго време е регистрирана двоцифрена бројка на нови позитивни случаи на коронавирусот. Потврдени се 64 позитивни лица на Ковид-19, од кои 12 се реинфекции. Министерот за здравство, Беким Сали вели дека намалениот број на нови случаи не е индикатор оти Ковид-кризата е надмината и „сè уште е рано за симнување на маските“.

Надлежните институции апелираат на што помасовна вакцинација, а од вчера започна и караванот за вакцинација против вирусот, што има за цел да ја промовира вакцината како начин на сигурна имунизација. Започна во Шуто Оризари, а во следните две недели ќе опфати 14 општини.

Караванот за вакцинација против Ковид-19 денеска од 12 часот до 16 часот ќе биде на плоштадот во Кратово. Во следните денови караванот ќе биде во Радовиш, Струмица, Ново Село, Скопје (пред Ист гејт мол), Куманово, село Матејче во Липково, Арачиново, село Сандево во Чучер Сандево, Зелениково, село Неготино во Врапчиште, Кичево и Струга.

„Кризата со Ковид-19 сè уште не е надмината и ги повикуваме сите граѓани да пристапат кон вакциналните пунктови. Им се заблагодарувам на сите здравствени работници кои не поддржуваат во оваа акција и на сите матични лекари кои ја поддржаа нашата иницијатива со поканување на нивните пациенти кои се во ризична група, порача министерот за здравство, Беким Сали.

Во однос на предложените мерки од страна на Комисијата за заразни болести, Сали очекува денеска да се одржи состанок на Главниот кризен штаб, а потоа тие да бидат изгласани на владина седница.

Една од препораките е да се ослободат учениците од основните училишта од носење маски. Тој додаде дека посакува сите да бидат ослободени од маските, но сепак реалната состојба не го дозволува тоа.

„Секој ден има од 250 до 300 новоинфицирани што значи сè уште не сме на нивото што го посакуваме. Новоинфицираните ни се показател дека вирусот сè уште кружи низ населението. Според податоците ние сме во зелена зона, но сè уште не сме за симнување на маските, додаде Сали.

Во текот на вчерашниот ден, согласно податоците од Институтот за јавно здравје регистрирани се 296 оздравени пациенти и четири починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 1.938.935 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 303.418, бројот на оздравени пациенти е 292.344, на починати е 9.184, а на активни случаи изнесува 1.890.

 

МИА

актуелно апел вакцинација маски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.