Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Надлежните најавуваат замрзнување на цената на лебот, мелничарите се закануваат со прекин на производството
Економија

Надлежните најавуваат замрзнување на цената на лебот, мелничарите се закануваат со прекин на производството

февруари 28, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Цената на белиот и полубелиот леб од денеска ќе се замрзне, а по донесувањето на ваквата одлука треба да изнесува максимум 33 денари. Но, ако тоа се случи, мелничарите најавуваат дека ќе го прекинат производството.

Мерката за замрзнување на цената на лебот ја предложи Министерството за економија по анализите кои покажуваат дека повеќето компании од прехранбената индустрија, иако добиле субвенционирана струја, и по три месеци не ги намалиле цените на производите. Пекарите тоа го негираат и тврдат дека во целост ја почитувале мерката за субвенционирање на елекричната енергија. Цените на лебот, велат, се намалени повеќе од вредноста на субвенцијата што ја примаат. Воедно предупредуваат дека ако се замрзне цената на лебот ќе претрпат огромни штети, од 3.000 до 15 000 евра дневно и ќе бидат принудени да ги затворат производствените капацитети.

„Во вторник ќе се замрзне цената и нема да биде над 33 денари и за белиот и полубелиот леб. Ова е само прв чекор од производите наведени во одлуката на Владата. Ќе следат и нови одлуки за замрзнување на цените. Цените нема да се зголемат по завршување на мерката, освен ако се зголемат цените на суровините и тогаш може да има нагло покачување на цената, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши во саботата.

Според него, не може да има разлика во цената и ист леб да чини од 28 до 38 денари.

Бектеши потенцира дека ќе се прават инспекциски контроли и во делот на грамажата.

„Утврдено е дека одредени производители и трговци ги намалуваат цените, но ги намалуваат паралелно и количините на тој производ. Затоа, под 450 грама бел и полубел леб не може да се продава и тоа ќе биде со утврдена цена. Под тоа може да биде, но над тоа не може да биде, рече министерот.

Мелничарите вчера одржаа состанок во Стопанската комора и донесоа едногласен заклучок – ако Владата ја донесе мерката за ограничување на цената на лебот, од следниот ден нема да има леб на пазарот.

„Дента кога ќе излезе одлуката за замрзнување на цените во Службеник весник, од наредниот ден нема да се произведува леб и да се носи на пазарот, истакна претседателот на Групацијата за мелничко-пекарската индустрија Горан Малишиќ.

Тој објасни дека изминатите два месеца на пазарот цените се намалиле, но имало варијации, зависно од видот на лебот и грамажата, од 33, 35 до 50 денари.

„Цените почнаа нагло да се намалуваат последниве 30 дена. Постои модел како треба Владата да направи социјална цена на социјален леб, како што е направено во Србија. Јасно и гласно е кажано уште пред две години – за да направите социјална цена на леб, и да го задоволите населението, треба да се фатите за џев, народски кажано. Во Србија државата субвенционира 30 проценти од цената на брашното на пекарниците за да има одредена цена која српската Владата ја покачи пред три дена. Постојат модели, да, тоа е трошок, но ако сакаме да имаме социјална цена со една цена на пазарот мора Владата да субвенционира, не можеме да бидеме ние општествено одговорни компании кои ќе бидат во загуба, рече Малишиќ.

Со мерката за субвенционирана струја која се применува веќе три месеци, се опфатени компании што произведуваат масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, како и месната и живинарската индустрија.

актуелно замрзнувањем мелничари леб цена
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.