Речиси и да нема човек кој не сака да јаде сендвич, но малкумина знаат дека тој е главниот виновник за таложење на маснотии кои ги опфаќаат цревата, црниот дроб и желудникот.
Масните наслаги на желудникот не се само задебелен слој кожа што го нарекуваме сало, туку можат да ги обложат артериите и да доведат до низа здравствени проблеми.
Диететичарката Лори Волкер вели дека една состојка што ја има во сендвичот е најчестиот виновник за оваа опасна маст која може да го отежне оптимално функционирањето на нашите внатрешни органи.
„Белиот леб е омилен поради неговата текстура и практичност, но се поврзува со зголемен ризик од акумулација на висцерални масти.
На брашното што се користи во белиот леб му недостасуваат влакна и хранливи материи кои се наоѓаат во целите житарици, што доведува до брзи скокови на нивото на шеќер во крвта“, рече таа.
Диететичарката истакнува дека белиот леб брзо се вари, што значи дека брзо се претвора во гликоза, а вишокот на гликоза може да се складира како висцерална маст во телото.
„Оваа маст е особено опасна затоа што телото не ја метаболизира добро, а може да придонесе за сериозни здравствени проблеми како што се дијабетес, срцеви заболувања и мозочен удар“, предупреди Волкер и советува белиот леб да го замениме со алтернативи како што се интегралните житарки.
Многу истражувања докажаа дека јачменот, просото, интегралниот ориз, овесот и ‘ржта имаат исклучително поволно влијание врз здравјето на луѓето. Целите житарки се основна намирница во некои од најздравите стилови на исхрана, како што е медитеранската. Тие содржат влакна кои ја забавуваат апсорпцијата на храната и како резултат на тоа го намалуваат зголемувањето на шеќерот во крвта. Одличен извор се на антиоксиданси, есенцијални минерали и диетални влакна.







