Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Нов пад на цената на нафтата
Берза

Нов пад на цената на нафтата

декември 20, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На светските берзи цените на нафтата минатата недела паднаа бидејќи заради брзото ширење на новата „омикрон“ варијанта на корона вирусот, се повеќе земји повторно воведуваат рестриктивни мерки, што може да ја ослабне побарувачката на нафта.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 2,6 отсто, на 73.52 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 1,3 отсто, на 70.86 долари.

Падот на цената на нафтата, со кој загубија дел од добивките од претходната недела, е последица на загриженоста на трговците бидејќи во светот рапидно расте бројот на заразени со „омикрон“. Во Данска, Јужна Африка, Велика Британија и некои други земји, бројот на нови случаи на инфицирани се удвојува на секои два дена.

Затоа, се повеќе земји, вклучувајќи ги Британија, Холандија и Данска, повторно воведуваат рестриктивни мерки, и тоа во пресрет на божиќните празници.

Во САД, пак, брзото ширење на „омикрон“ доведе до тоа многу компании да ги одложат плановите за враќање на работниците во нивните канцеларии.

„Пораките за внимателност и предупредувањата за нов бран на Ковид се се погласни како што се приближуваат празниците на крајот на годината, расипувајќи го расположението на пазарот. Цените на нафтата би можеле во следните неколку недели да стагнираат во скромна празнична трговија“, рече Вандана Хари од „Ванда Инсајтс“.

Поради „омикронот“, некои влади воведоа ограничувања за патувањата за да го спречат ширењето на вирусот.

„Широките ограничувања се сигурен знак за нови неволји“, смета Тамас Варга од нафтената брокерска компанија „ПВМ“.

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) објави дека наглото зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 по појавата на „омикрон“ ќе ја намали глобалната побарувачка за нафта токму во период на зголемување на производството, посебно во САД.

Тие проценија и дека понудата ќе биде поголема од побарувачката барем до крајот на следната година. Дотолку повеќе што во САД расте производството.

Компанијата „Бејкер Хјуз“ во петокот објави дека бројот на активни наоѓалишта за нафта и гас, што е показател за идното производство, минатата недела се зголемил за три, на вкупно 579.

Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници, предводени од Русија, соопштија, пак, дека би можеле да се соберат и пред 4 јануари, доколку проценат дека поради променетите изгледи за побарувачка, треба да ја преиспитаат одлуката за зголемување на производството за 400.000 барели дневно во јануари.

А, токму поради растот на производството, цените на нафтата се спуштија на почетокот на четвртото тримесечје од највисоките нивоа во последните неколку години.

актуелно барел берзи ковид корона нафта Омикрон
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.