Во Собранието денеска ќе биде основана и промовирана интерпартиска парламентарна група за правата на Ромите во Македонија, во која ќе членуваат пратеници од различни политички партии.
Покрај пратениците, на основањето на групата се поканети претставници на амбасади и невладиниот сектор од оваа област.
Во Собранието денеска ќе се одржат и седници на три собраниски комисии. Закажана е седница на комисиите за труд и социјална политика, за образование, наука и спорт и за транспорт, врски и екологија.







