Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Отворање на 15. „Танц фест“ со „Идентитети“ на Скопје танцов театар
Култура

Отворање на 15. „Танц фест“ со „Идентитети“ на Скопје танцов театар

април 4, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претставата „Идентитети“ на Скопје танцов театар вечер од 20 часот во Македонскиот народен театар ќе го отвори 15.„Танц фест“, кој под мотото „Идентитети што не смеат да се пропуштат!“ ќе се одржува до 23 април.

„Годинашната програма е посветена на младите, современите танчари и нови кореографски имиња од нашава земја, со цел општеството да го препознае идентитетот кој го создадовме, како резултат на долгогодишното влијание на фестивалот и неговото значење за развојот на современата танцова сцена кај нас, изјави Рисима Рисимкин, уметнички директор на „Танц фест“.

На почетокот на фестивалот, кој вечер ќе биде одбележан со настанот „Танц фест и пријателите“, ќе биде доделена наградата „Менада“ за врвни остварувања во областа на танцот и првпат „Менада“ за млад уметник. За врвни дострели е наградена танчарката и кореографка од Кина Зао Шји, уметничка директорка на Интернационалниот фестивал „The New“ во Пекинг, а Марко Мицов, кој има успешна кариера во САД, е првиот лауреат на „Менада“ за млад уметник.

По вечерашното отворање, фестивалот ќе продолжи со дводневен (5 и 6 април) Интернационален натпревар за млади кореографи „Танцлаб“ на кој, покрај наши, ќе учествуваат и селектирани млади кореографи од Франција, Холандија, Израел, Русија, Италија и Полска.

На 9 април на „Танц фест“ ќе гостува „Кодартс“ од Ротердам со претставата „Таленти во движење“. Ќе бидат прикажани кратки кореографии меѓу кои и на македонската кореографка Адријана Данчевска, која во изминатиот период работеше во Холандија.

На 10 април во Младинскиот културен центар ќе биде изведена претставата „Проширување на објективот“ со настап на млади танчари, студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“ и гости танчари од Швајцарија и Италија. На 16 април во МНТ премиера ќе има Скопје танцовиот театар со програмата: „Луцидниот Јос“ на Дејан Битровски и „Скеч“ на Адријана Данчевска.

Првпат годинава „Танц фест“ ќе има програма и во ноќниот клуб „Сектор“, а од 18 до 21 април на сцената „Зебра“ ќе се одржува програмата за деца „Танцуваме со Виталија“. „Танц фест“ ќе заврши на 23 април со „Секвенци – Минато, Сегашност, Иднина“ – гостувачка претстава од Ханџо, Кина.

идентитети отварање танц фест театар
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Првиот фестивал на кинески филмови ќе биде отворен со филмот „Сонцето изгрева над сите нас“

октомври 2, 2026

Њујорк тајмс“ ги избра најдобрите серии на 21 век

септември 29, 2026

Враќање на Селин Дион на сцената, по шестгодишно отсуство поради сериозна болест

септември 14, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.