Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Поради редукција на струја во ЕУ, можат да се угаснат мобилните мрежи
Анализи

Поради редукција на струја во ЕУ, можат да се угаснат мобилните мрежи

септември 29, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Мобилните мрежи во Европа би можеле оваа зима привремено да останат без напојување доколку владите одлучат да ја ограничат потрошувачката на енергија, предупредуваат извори од телекомуникацискиот сектор, кој ги проверува залихите на генераторите и размислува за батерии.

Мобилните оператори стравуваат дека тешката зима може да ја тестира европската телекомуникациска инфраструктура и да ги принуди владите да се обидат да ги ублажат ефектите од редукцијата.

Во моментов, во многу европски земји нема доволно резервни системи за да се справат со поопсежни прекини на електричната енергија, изјавија четворица директори на телекомуникациска компанија, што би го оневозможило користењето мобилни телефони.

Земјите од Европската унија, вклучително и Франција, Шведска и Германија, се обидуваат да обезбедат нормална комуникација дури и ако снемувањето на струја ги испразни помошните батерии на илјадници мобилни предаватели.

Европа има речиси половина милион предаватели, а повеќето од нив имаат резервни батерии кои траат околу 30 минути.

Франција бара батерии

Во Франција, плановите кои ги изнесе дистрибутерот на електрична енергија „Енедис“ вклучуваат потенцијално исклучување до два часа во најлош случај, се дознава од два извори запознаени со ова прашање.

Струјата би била целосно исклучена само во одредени делови од државата, со принцип на ротација. Редукциите ќе ги поштедат важните служби, како што се болниците, полицијата и владата, велат изворите.

Владата, телекомуникациските оператори и „Енедис“, оддел на државната комунална компанија „ЕДФ“, разговараа за ова прашање во текот на летото, соопшти француската влада.

Француската федерација на телекомуникации, здружението кое ги претставува телекомуникациските компании „Оринџ“ (Orange), „Баугуес Телеком (Bouygues Telecom) и „Алтисис СФР“ (Altice’s SFR), го фокусираше вниманието на дистрибутерот на електрична енергија бидејќи не доби изземање на базните станици од ограничувањата.

„Енедис“ одби да ја коментира содржината на разговорите со владата за ова прашање.

„Франција има околу 62.000 предаватели, а компаниите нема да можат да ги опремат сите со нови батерии“, изјави претседателката на Федерацијата, Лиза Белуло.

Шведска набавува генератори

И телекомуникациски компании во Шведска и Германија изразија загриженост до нивните влади за потенцијален недостиг на електрична енергија, рекоа неколку добро упатени извори.

Шведскиот регулатор за телекомуникации „ПТС“ објави дека соработува со компаниите и другите владини агенции за изнаоѓање решение.

Тема на разговор е и планот за рационализација на потрошувачката на електрична енергија.

„ПТС финансира купување на генератори и мобилни базни станици за можни подолги периоди без струја“, рече портпаролот.

Италијанската асоцијација за телекомуникации изјави за Ројтерс дека сака мобилната мрежа да биде изземена во случај на прекини или намалено снабдување со електрична енергија, додавајќи дека има намера да разговара за ова прашање со новата италијанска влада.

„Ненадејниот прекин на струја ги зголемува шансите за дефект на електронските компоненти“, изјави во интервју за Ројтерс шефот на телекомуникациското лоби, Масимо Сарми.

Генераторите се решение и за Дојче Телеком

Производителите на телекомуникациска опрема „Нокиа“ и „Ериксон“ соработуваат со мобилните оператори за да ги ублажат последиците од недостигот на електрична енергија.

Двете компании не сакаат да ги коментираат овие информации.

Европските телекомуникациски оператори мора да ги анализираат своите мрежи за да ја намалат потрошувачката на енергија и мора да ја модернизираат опремата и да користат енергетски поефикасни радио системи, изјавија четворица директори на компании од телекомуникацискиот сектор.

Со цел да се заштедат енергија, телекомуникациските компании користат софтвер кој обезбедува оптимален сообраќај, исклучува неактивни предаватели и исклучува одредени делови од фреквенцискиот спектар, се дознава од добро упатени извори.

„Во Германија, Дојче Телеком има 33.000 предаватели, а неговите мобилни системи за итни случаи можат да поддржат функционирање само на мал број од нив во исто време“, изјави портпаролот на компанијата.

Во случај на подолг прекин на електричната енергија, Дојче Телеком ќе користи итни мобилни системи за напојување кои најмногу се потпираат на дизелот.

Европските земји со децении немале проблеми со снабдувањето со електрична енергија, па затоа генерално немаат генератори кои можат долго време да гарантираат електрична енергија, забележува Ројтерс.

 

 

 

 

 

 

 

 

(Извор: Хина)

 

актуелно германија оператори струја телеком шведска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.