Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Почнува заедничкото гранично управување со Србија
Во Фокусот

Почнува заедничкото гранично управување со Србија

август 26, 2019Updated:август 26, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Помалку контроли и царинење и забрзување на протокот на патници , стока и превозни средства ќе овозможи заедничкото гранично управување што стартува денеска на преминот Табановце – Прешево. Со концептот, што првпат го воведуваме со Србија, со едно застанување на заедничка испостава се очекува двојно да се намали времето на чекање.

Почетокот на проектот за интегрирано гранично управување „One stop shop” ќе го означат премиерите Зоран Заев и Ана Брнабиќ, која денеска ќе престојува во официјална посета на државава.

– Заедничката економска агенда на Западен Балкан што ја потврдивме на Самитот во Трст, ја носиме Европа овде на Балканот, истакна Заев по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ во септември лани, кога го најавија стартот на проектот.

Концептот на заеднички гранични контроли и гранични контроли со едно застанување (One-stop shop) значи поедноставени постапки, што се спроведуваат на еден заеднички граничен премин, при минимален број застанувања, по можност единствено застанување, преку кој контролата на патниците, стоката и нивните превозни средства се врши само еднаш на едно место. Со примена на концептот на заедничка контрола се постигнува поголема усогласеност и се олеснува преминувањето на патниците, стоките и превозните средства во патничкиот сообраќај, како и предметите што патниците ги носат со себе.

За патниците и транспортерите кои од Србија ќе се движат кон државава српската гранична служба ќе спроведе излезна контрола на наша територија на ГП Табановце, додека контролата за оние кои патуваат од кај нас кон Србија излезната контрола македонските гранични служби ќе ја спроведат на српска територија, на граничниот премин Прешево.

Според надлежните, во примената на овој концепт од исклучително значење е користењето на еден заеднички објект на граничниот премин каде што се вршат граничните формалности. Покрај забрзан проток на патници, стока и превозни средства, заедничкото царинење, меѓу останатото, треба да овозможи повисок степен на хармонизација на граничните контроли, како и да се намали можноста за царински измами, поради директниот увид во комерцијалните документи што ја следат стоката. Заедничкото царинење е и едно од барањата на транспортерите,
кои сметаат дека со ова ќе се олесни процесот на транспортот и превозот на стоки.

Заедничка контрола, покрај на граничниот премин Табановце, се подготвува и на железничкиот премин Табановце и на Ќафасан кон Албанија. На ГП „Ќафасан“ веќе се одвиваат градежни работи за надградба на објектите.

актуелно гранично заедничко србија управување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.