Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Почна полагањето матура во августовскиот испитен рок
Градови

Почна полагањето матура во августовскиот испитен рок

август 13, 2026Updated:август 13, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Августовскиот рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои во јуни не ја положија или не во целост беше спроведен вчера и во петок (14 август), со почеток во 9 часот. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), во август за државна матура се пријавени 1328 ученици, за стручна матура 126 и шест ученици за уметничка матура.

Пријавените кандидати вчера го полагаа тестот по изборниот екстерен испит – математика или англиски јазик. За другите странски јазици – германски, француски, италијански и руски (кои ги полагаат само гимназијалците) за август нема кандидати, исто како и за предметот историја, кој е наменет за уметничка матура. На 14 август е полагањето на задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик и литература.

Поради значително помал број кандидати во август отколку во јуни, оваа испитна сесија ќе се организира во четири градови на осум локации. Повторно ќе се реализира на факултетите – Економскиот, Градежниот и Педагошкиот во Скопје, како и на факултети во Тетово, Прилеп и Штип. Од средните училишта полагање ќе има единствено во спортската сала на АСУЦ „Боро Петрушевски“-Скопје, каде што ќе бидат тестирани ученици од повеќе училишта. ДИЦ на својата веб-страница објави список за учениците да се информираат од кое училиште каде ќе биде локацијата за полагање.

Меѓу кандидатите што оваа недела ќе полагаат матура се и 226 матуранти на кои им бил поништен испитот во јуни – дел затоа што биле фатени како препишуваат на самиот испит, а за дел е утврдено дека препишувале откако им се прегледани тестовите.

Просечната оценка од полагањето матура во јуни е 3,66 од сите три типа матура – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура, кои првпат се воведени оваа година. Просечната оценка за државна матура е 3,62, за стручна 3,91 и за уметничка 3,59.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на ДИЦ, Даниела Јовчевска-Михајловска, на соопштувањето на резултатите минатата недела изразија задоволство од тоа што е задржан континуитетот на просечниот успех од лани, кога оценката беше 3,69, за разлика од 2024 кога беше 3,26.

-Можеме да бидеме сосема задоволни и се надевам дека овој резултат ќе го одржиме. Веќе треба само да го одржуваме. Ако е поголем ќе бидеме пресреќни. Ценам дека ова се објективни резултати. Училиштата, факултетите каде се организираа дел од тестовите, тестаторите кои беа околу 2 500 на број, околу 200 набљудувачи и оценувачите беа добро подготвени. Се разбира, и учениците сериозно го сфатија процесот. Годинава првпат се полагаше по нова Концепција која предвиде три типа на матура, со што сите ученици се тестираа по материјалот кој реално го изучувале во четирите години на средно образование, што не беше случај во минатото кога сите се тестираа по еден ист материјал. Задоволна сум што две години по ред се одржува речиси идентичен просек, за разлика од 2024 година кога изнесуваше 3,26, рече Јаневска.

За јунската испитна сесија од учебната 2025/2026 година беа пријавени 14 587 ученици – 12 184 за полагање државна матура, 2 276 ученици за државна стручна матура и 127 беа пријавени за државна уметничка матура. На полагањето не дошле 348 пријавени, односно 2,39 отсто отсуствувале од испитите.

По објавувањето на резултатите од екстерните испити во јуни, биле поднесени 805 приговори, т.е. 2,86 проценти од вкупниот број матуранти што полагале. Прифатени биле за дел од матурантите, односно 0,95 проценти од поднесените приговори. Увид во тестовите извршиле 133 ученици.

августовски актуелно испитен матура полагање рок
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.