Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Претседателот Пендаровски одликува петмина спортски великани со „Медал за заслуги“
Спорт

Претседателот Пендаровски одликува петмина спортски великани со „Медал за заслуги“

јуни 23, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Шефот на државата Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија во претседателскиот кабинет одликува со „Медал за заслуги за Република Северна Македонија“ петмина доајени кои оставија траен белег на спортските терени и дадоа огромен придонес за афирмација на македонскиот спорт и држава.

На церемонијата на доделување на медалите, во своето обраќање претседателот Пендаровски рече дека иако сме мала нација како број, можеме да бидеме горди на нашите врвни спортисти кои во индивидуалните и колективните спортови остварувале и остваруваат највисоки резултати. Честитајќи им на одликуваните, тој потсети на значењето на спортот за целата заедница, и за секоја индивидуа поединечно и порача врвните резултати и постигнувања на нашите спортисти и нивните тренери, да бидат поттик за сите млади да тргнат по нивните стапки и повторно да ја радуваат македонската нација.

Во продолжение го проследуваме интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.

Почитувани гости,

Драги пријатели,

Спортот е многу повеќе од физичка активност, игра или забава. Во спортот има и наука, и образование и воспитание и култура и уметност и естетика и филозофија. Врвниот спорт претставува глобален феномен кој привлекува милиони луѓе во целиот свет, генерира огромни финансиски ресурси, зазема централно место во медиумите, претставува составен дел од нашето секојдневие и како таков, наметнува модели на живеење и однесување. Едноставно, спортот е неизоставен дел од нашите животи, како активност која во себе содржи и драматика и триумфалност, но, во исто време и етика и фер плеј.

Иако сме мала нација како број, можеме да бидеме горди на нашите врвни спортисти кои во индивидуалните и колективните спортови остварувале и остваруваат највисоки резултати. Претходно веќе имав можност на дел од нашите освојувачи на највредни олимписки медали да им доделам највисоки државни признанија. Денес уште пет наши спортисти, спортски работници, тренери и селектори кои стојат зад успехот на натпреварувачите, ќе добијат медали за заслуги.

Како еден од најголемите и најпопуларни спортови на светско ниво, кошарката има богата традиција и популарност и кај нас. Едно од најзначајните имиња за развојот на македонската клупска и репрезентативна кошарка е секако нашата жива тренерска легенда Лазар Лечиќ. Со својата енергија и знаење за кошарката, а особено со својот препознатлив стил и лична харизма остави траен белег во историјата на македонскиот спорт.

Кога сме кај кошарката, не верувам дека има љубител на оваа динамична и возбудлива игра, кој не го знае името на Благоја Георгиевски – Буштур, кој, за жал, повеќе не е меѓу нас. Со својот вонсериски квалитет и луцидност во играта меѓу кошевите, Буштур ги достигна највисоките височини освојувајќи медали на најголемите натпреварувања. Денес со посебен пиетет постхумно му доделуваме Медал за заслуги.

Меѓу колективните спортови еден од најмасовните и најпопуларните е одбојката. Среќни сме како нација што го имаме нашиот спортски великан Владимир Богоевски кој беше играч од светска класа, успешен тренер и подоцна посветен спортски работник, освојувач на бројни медали, трофеи, награди и признанија. За сиот негов придонес за одбојкарскиот спорт и македонскиот олимпизам денес симболично му се заблагодаруваме со доделување на Медал за заслуги.

Освен великаните во колективните спортови, имаме особено значајни постигнувања и во индивидуалните спортови. Нашиот најуспешен спорт е борењето во слободен стил. Зад најголемите дострели на нашите борачи, меѓу кои и првиот освоен медал за независна Македонија на олимписките игри, стои името на долгогодишниот селектор Насе Насев. Со својата професионална работа и неуморен ангажман тој успеа да го издигне борењето во слободен стил, не само во најуспешен спорт меѓу боречките спортови, туку воопшто во сите спортски дисциплини. Не смееме да го заборавиме и неговиот долгогодишен ангажман и придонес во работата на Македонскиот олимписки комитет.

Со боречките спортови е врзан и нашиот најголем успех на олимписките игри како самостојна држава. Среброто на Дејан Георгиевски во Теквондо на Олимписките игри во Токио ја сплоти нацијата и ги израдува македонските граѓани. Најзаслужен за овој успех, за создавањето на македонскиот шампион е тренерот Борче Костовски, кој верувам дека допрва во иднина, со своите ученици ќе постигнува врвни  резултати на големите натпреварувања и повторно ќе не прави горди.

Дозволете ми на крајот, уште еднаш да потсетам на значењето на спортот за целата заедница, и за секоја индивидуа посебно. Да спортуваме рекреативно и професионално и да градиме здрави животни стилови и навики. Посакувам врвните резултати и постигнувања на нашите спортисти и нивните тренери, да бидат поттик за сите млади да тргнат по нивните стапки и повторно да ја радуваат македонската нација.

актуелно великани одликување пендаровски пет спортски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.