Денеска продолжува судењето на ексначалникот на петтата управа, Горан Грујевски.
Грујевски, обвинет за уништување на опремата за прислушување, два месеца е во бегство, и не се знае како ќе продолжи судењето.
Од МВР се очекува да информираат дали бегалецот е лоциран.
Ако не се појави на судењето, тоа може да се одложи, или на барање на Специјалното јавно обвинителство, судијката да донесе решение за судење во отсуство.
Горан Грујевски заедно со Никола Бошкоски, се главни обвинети обвинети за масовното нелегално прислушување од случаите „Тврдина 2“ и „Таргет“, а еден ден откако Врховниот суд им го потврди притворот, нив им се губи секаква трага.







