Московската компанија Ховерборд успешно го тестираше својот нов изум, машина наменета за едно лице со помош на која можете да се вивнете во воздух.
Визуелниот спој на мотоцикл и хелихоптер, кој многу потсетува на летечкиот мотоцикл од „Војна на ѕвездите“, наречен е Шкорпион 3, и иако се верува дека ќе биде многу прикладен како инструмент за екстремни спортови, од
Ховерборд веруваат дека има потенцијал да најде место и во сообраќајната индустрија.
Во текот на успешното тестирање, оваа машина покажа неверојатна способност за маневрирање низ просторот на халата во која беше испробана.
Инаку, Шкорпион 3 може да достигне максимална брзина од 50 километри на час, а функционира со помош на струја или хибридна батерија.
Додека со стандардниот погон, после полнењето, издржува околу 27 минути, со хибридна батерија траењето би било продолжено за уште најмалку два часа.
Моментната цена на оваа несекојдневна направа е 150.000 долари.









