Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СДСМ бара ВМРО ДПМНЕ да предложи друг кандидат за технички министер за внатрешни работи
Политика

СДСМ бара ВМРО ДПМНЕ да предложи друг кандидат за технички министер за внатрешни работи

декември 29, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

СДСМ смета дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ треба да предложи друг кандидат за технички министер за внатрешни работи и оценува дека по отворањето на дебатата во јавноста, јасно е дека предлогот што опозициската партија го изнесен на синоќешната лидерска средба е спротивен на Уставот.

„Ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да се издигне на висина на задачата и
одговорноста која ја има со влезот во преодната Влада и порачуваме дека остануваме отворени за наоѓање прифатливо решение со кое нема да се крши Уставот. До 3 јануари има доволно време да се постигне согласност и да продолжиме кон подготовката на изборите кои ќе се случат на 12 април“, соопшти попладнево СДСМ.

Според партијата, Уставот е јасен и оти согласно со членот 97, лице кое
раководи со МВР или со Министерството за одбрана треба да биде цивилно лице најмалку три години пред изборот на таа функција.

Во членот 2 од Законот за полиција се прави јасна разлика помеѓу униформиран и неуниформиран припадник на полицијата, што значи дека униформираните вработени не можат да бидат избрани за министри, и тоа е исто и во двете министерства.

„Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е спротивен на уставот и затоа партијата треба да предложи друг кандидат“, нагласува СДСМ.

Не може, истакнува партијата, да се повикувате на право, а да промовирате предлози спротивни на Уставот.

„Кршењето на Уставот не е и не може да биде ниту право, ниту правда, ниту принцип. Политички е целосно погрешно да се промовира кршење на највисокиот правен акт во државата Уставот. Ниту една политичка партија пред граѓаните не смее да помисли да излегува со неуставни предлози“, наведува СДСМ.

По реакциите од власта за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ – полковникот во Армијата Драган Ковачки да биде технички министер за внатрешни работи, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил напиша дека „фактите говорат оти оние кои се огрешиле спрема законот се плашат од професионалец кој ќе ги открие, разобличи и ќе се бори против нив“.

Тој ја повика власта да не ги одложува работите и истакна дека „кочењето на професионалец за МВР, нема да го избегне неминовниот пораз, туку ќе го зголеми“.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, денеска одговарајќи на новинарски прашања соопшти дека консултациите траат, не прецизирајќи дали имало телефонски разговор помеѓу премиерот Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски по нивната синоќешна средба.

Освен технички министер за внатрешни работи ВМРО-ДПМНЕ за преодната Влада треба да номинира предлози и за заменици во министерствата за информатичко општетсво и амдинистрација, за финансии и за земјоделство.

Нивните имиња, според синошешната изјава на Мицкоски, ќе се знаат в понеделник.

СДСМ завчера на седница на Централниот одбор одлучи технички премиер во преодната Влада до предвремените парламентарни избори да биде актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

актуелно вмро-дпмне внатрешни работи сдсм технички министер
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.