Брунхилда Помсел има 105 години и е последна преживеана личност од најтесниот круг на Рајхот.
Таа беше секретарка на Јозеф Гебелс и сега по прв пат во животот даде интервју за британскиот весник Гардијан.
„Ретко кога можевме да го видиме наутро“, вели Помсел, сеќавајќи се на својот шеф.
„Се качуваше по скали во својата мала палата во близина на Бранденбуршката капија, крај која се наоѓаше огромното Министерство за пропаганда. Одеше по скалите како некој војвода“.
Помсел се сеќава за тоа колку вил елегантен мебелот во неговиот кабинет и како таму секогаш владеела безгрижна атмисфера.
Таа секое утро го чекала Јозеф Гебелс во претсобјето на кабинетот заедно со уште пет секретарки.
„Секогаш знаевме кога ќе пристигне, но не го гледавме се додека не излезе од кабинетот. Некогаш го посетуваа децата и беа силно возбудени што одат кај таткото на работа. Доаѓаа до убав ердел териер. Беа пристојни и секогаш се поздравуваа со нас“, раскажува Помсел.
Таа во првото и веројатно последно интервју во својот живот, во 106-та година, вели дека деновите и се одбројани.
„Во ова малку време што ми остана, се надевам дека тоа ќе бидат месеци, а не години, само се надевам дека светот нема да се сврти на глава како тогаш, но изминативе години се случија некои ужасни работи. Чувствувам олеснување што никогаш немав деца, за кои сега би морала да се грижам“, вели Помсел.
Зошто дури сега проговорила прв пат за својот ангажман, како последно преживеано лице од внатрешниот круг на нацистичкото лидерство?
„Не ми е намерата да си ја олеснам совеста“, вели таа, затоа што својата работа во пропагандната нацистичка машинерија ја смета „само работа“.
Во нејзините задачи спаѓало испраќањето на статистички податоци за загинати војници, претерување во неведувањето на бројот на силувани Германки од страна на Црвената армија и слично.
Минатата година на Минхенскиот филмски фестивал беше претставен документарниот филм „A German Life“ кој е снимен врз основа на 30 часовниот разговор со Брунхилда Понсел.
„Важно ми е кога ќе го погледам тој филм, да го препознаам тој одраз во огледалото во којшто разбирам за се што сум погрешила. Но, јас навистина не работев ништо освен што седев до машина за пишување во кабинетот на Гебелс“, наведува таа.
Помсел тврди дека нема поради што да се покае. Како што вели, се однесувала како и повеќето други Германци.
„Верувам дека тие кои денес тврдат дека би се спротиставиле на нацистите да беа на наше место, стварно така мислат, но многумина тоа не би го сториле“, смета Брунхилда.
„Цела земја беше како под некоја магија, кога на власт дојдоа нацистите“.
Се сеќава како и било врачено досието на антинацистичката активистка и студентка Софи Шол, која дејствувала во рамки на движењето на отпорот „Бела роза“.
Шол била осудена на смрт поради велепредавство во февруари 1943 година, откако била фатена како дели антивоени летоци на Универзитетот во Минхен.
„Еден од специјалните советници на Гебелс ми рече досието да го ставам во сеф и да не го отварам. Го послушав и бев горда што ми веруваше. Мојата среќа по таа укажана чест беше поголема од љубопитноста и желбата да ја отворам папката“.
Таа себе си се опишува како производ на „пруска дисциплина“, присетувајќи се на татко и, кој по враќањето од Првата светска војна, кога таа имала седум години, ги тепал неа и нејзините браќа со стап за тресење ќилими, секогаш кога некој од нив ќе биде непослушен.
„Тоа пруско чуствување на должност секогаш остана во мене“, вели таа.
Имала 31 години и работела за државниот емитер како одлично платена секретарка. Таа работа и била овозможена дури откако се зачленила во нацистичката партија, а недолго потоа некој ја препорачал за работа во Министерството за пропаганда.
„Само заразна болест можеше да ме запре. Бев горда на тоа, затоа што тоа беше награда за тој што беше најбрз на машината за пишување во целата радио станица“.
Се сеќава дека имала плата од 275 марки (вистинско богатство во однос на тоа колку заработувале нејзините пријатели) како и мноштво привилегии. Се сеќава како нејзината црвенокоса пријателка Еврејката Ева Ловентал, се потешко живееле од доаѓањето на Хитлер на власт. И на апсењето на радискиот водител, кој завршил во концентрационен логор затоа што бил геј. И на уште многу работи. Но, вели, дека таа главно била несвесна за деструкциите кои ги сееле нацистите.
„Знам дека денес никој не верува. Сите мислат дека се знам. Не знаев ништо. Од нас се се криеше“, вели Помсел.
Била, вели, наивна што верувала дека Евреите кои „исчезнувале“, како и нејзината пријателка Ева, биле раселувани, за да бидат обновени напуштените села.
„Верувавме во тоа. Ја голтавме таа приказна. Делуваше се така вистинито“, раскажува таа.
Кога во бомбардирањето и бил уништен станот во којшто живееле со родителите, сопругата на Гебелс, Магда и помогнала да се расположи и и’ купила скап волнен комплет со свилена постава.
„Никогаш немав ништо така модерно и убаво, ни пред ниту после тоа“, вели Брунхилда. „Двајцата беа прекрасни кон мене“.
Таа се сеќава дека нејзиниот шеф бил „низок човек, но многу негуван, со господско држење, кој носел костуми од најдобри ткаенини“.
„Имаше негувани раце. Веројатно ги средуваше секој ден. Ништо во врска со него не беше спорно“, децидна е таа.
Дури и било жал што поткривнувал на една нога „што, пак, го компензирал со блага ароганција“.
Од време на време од него избивал лик на човек кој лагата ја претворил во уметност за да овозможи остварување на монструозните нацистички цели.
Била вџашена кога го видела на подиум во Берлин во февруари 1943 година кога го дал својот прочуен говор за „тоталната војна“. Седела тогаш со колешката точно зад Магда Гебелс. Тој говор го одржал непосредно после битката за Сталинград и се надевал дека ќе добие поддршка од народот да направат се што можат против заканата за Германија.
„Ниеден глумец не може така да се трансформира од цивилизациска и сериозна личност во луд, гласен човек. Во кабинетот зрачеше со некоја отмена елеганција, а на подиумот го видов како некое лудо џуџе. Не можев ниту да замислам поголем контраст.“
Иако е можно Помсел да се сеќава само на оние детали за кои смета дека може да зборува, сосем е возможно дека комбинацијата на незнаењето, но и сигурноста која ја чуствувала во срцето од сложениот систем на владеење, навистина ја заслепела.
Сето тоа паднало во вода на роденденот на Хитлер во 1945 година кога Гебелс и неговата придружба морале да појдат со Фирерот во неговото подземно засолниште.
„Како нешто во мене да умре. Се трудевме да не останеме без алкохол, кој одеднаш ни беше потребен во големи количини.“
Се сеќава како асистентот на Гебелс, Гунтер Швагерман на 30 април соопшти дека Хитлер се самоуби, а дека после него тоа го сторил и Гебелс.
„Го прашавме: „А жената?“ „И таа“. „А децата?“ „И децата“. Занемевме.
Заедно со колешките од неколку бели вреќи направиле големо знаме како знак дека се предаваат и го кренале кога стасале Русите.
На Русите им ја кажала вистината: дека работела како дактилограф во Министерството за пропаганда кај Јозеф Гебелс. Поради тоа е осудена на пет години затвор. Казната ја издржала во затвор близу Берлин.
Вели дека дури по враќањето дома станала свесна за тоа што се вика „еврејско прашање“, за Холокаустот.
Нејзиниот живот почнал да личи на тоа што го имала претходно. Повторно добила работа, се вработила во државното радио и напредувала во кариерата, станала до главна секретарка на директорот за програма, уживајќи многу привилегии, висока плата и патувања до пензионирањето на шеесетгодишна возраст, во 1971-ва.
И требале шест децении да ја разоткрие судбината на нејзината пријателка Ева. Кога во 2005 година бил отворен меморијалниот центар посветен на жртвите од холокаустот отишла да го види.
„Кога дојдов во информатичкиот центар им реков дека барам некој, дека ја барам Ева Ловентал.“
Раководителот на центарот брзо ја пронашол. Ева била депортирана во Аушвиц во ноември 1943 година, а две години потоа, во 1945-та, била прогласена за мртва.












