Силен земјотрес ја потресе централна Италија.Според првичните информации, потресот бил со јачина од 6,1 степени.Почувствуван бил и во Хрватска.
Од Хрватска стаса информацијата дека земјотресот посебно го почувствувале добар дел од Истра и од централен Јадран.
Италија вчера ја погоди уште еден земјотрес, со јачина од 4,5 степени, со епицентар во близина на Џенова.
Италијанските медиуми јавуваат дека средиштето на овој денешниот земјотрес било меѓу Анкона и Римини, а велат и дека е почувствуван низ целата земја.








