Во 26-те земји од Европската унија, без Малта, во јануари се регистрирани повеќе од 760.000 нови автомобили, што е за 11,3 отсто повеќе отколку на почетокот на првиот месец од минатата година.
Единствен исклучок од позитивниот тренд е Германија.
На најголемиот пазар во Унијата, продажбата во јануари падна за 2,6 отсто, а причините секако може да се препишат на постојаното зголемување на цената на новите автомобили.
Од друга страна, најголем раст има во Шпанија, каде што продажбата на нови автомобили порасна за 51,4 отсто.







