Денеска продолжува расправата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски.
Предлогот за негово разрешување го поднесе Владата на РМ поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата.
Исто така, во документот се наведува и дека Зврлевски со своето однесување и дејствување покажал дека не е способен за извршување на функцијата, како и поради тоа што не поднел барање за покренување кривична постапка за случаи предвидени со закон и нарушување на угледот на функцијата.
Завчера пратениците од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека во моментов има многу побитни теми на кои треба да се расправа, како што се мигрантите, пожарите, депонијата во Струга.
Томислав Тунтев од СДСМ најави дека сите пратеници од владејачкото мнозинство ќе се откажат од дискусија за час поскоро да биде избран нов државен јавен обвинител.







