Македонската ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз на Светското првенство во Франција.
Во вториот меч од третото коло во групата Б, Македонија загуби од Словенија со 29-22 (16-10).
Словенечките ракометари играа брзо и полетно и поведоа со +4 во 17. Минута, а предноста на нашиот ривал до одморот порасна на +6.
Вториот дел започна со гол на Дрогришки, но играта на Словенците ја рушеше нашата одбрана.
Словенија ја забележа четвртата победа во петтиот официјален натпревар против нашата селекција.
Голманот на Словенија, Матевз Скок имаше 17 интервенции, а најефикасен беше Маргуч со 4 гола.
Кај Македонија прв стрелевц беше Кирил Лазаров со 9 постигнати гола.
Четвртиот натпревар во групата во Мец, Македонија го игра в среда, против Шпанија.
Групната фаза ја завршуваме во четврток со натпреварот со Исланд.
(Фото: gol.mk)










