Зоран Заев го обедини целиот Балкан, на митингот можат да се видат знамиња на Македонија, Србија, Бих, Турција и другите држави, пишува српскиот интернет портал Курир за митингот што Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и другите политички партии од коалицијата „За живот во Македонија“ вечерва го одржаа во Скопје.
Заев, пишува „Курир“, го изнесе „Планот за живот во Македонија“ кој предвидува просечната плата да биде 30.000 денари и поддршка на домашните фирми и додава дека „собраните граѓани сакаат да го срушат режимот на поранешниот премиер Никола груевски, лидерот на владеачката ВМРО-ДПМНЕ“ и подвлекува дека „волкав број граѓани кои се собраа на митингот на СДСМ не е виден до сега“.









