Роберт Маршан, Французин стар 105 години, влезе денес во историјата откако за еден час помина со велосипед растојание од 22,52 километри на велосипетска патека во близина на париз.
Маршан е многу популарен во Франција и на крај го дочекаа стотина негови фанови во местото Сен-Квентин-ен-Ивлин.
Тој сепак не успеа да го надмине својот личен рекорд од 26,927 километри во категоријата натпреварувачи постари од 100 години, кој го постави во 2014 година.







