Менаџерскиот тим на „Тесла моторс“ почна интензивни разговори со официјални лица од градот Шангај за отварање фабрика чии производи ќе бидат наменети за кинескиот пазар, соопштено е денеска.
Приходите на „Тесла“ од Кина станале тројно поголеми во 2016 година, повеќе милијарди долари, и прават 15 отсто од вкупните приходи на таа компанија.
Производителот на електрични автомобили соопшти дека очекува до крајот на годината да има јасно дефинирани планови.
Од „Тесла“, меѓутоа, наведуваат дека се очекува поголемиот дел од производството на компанијата да остане во САД, додавајќи дека има намера да воспостави локални фабрики поради попристапна продажба на возила на други контигенти.








