Во јужнокорејска фабрика за производство на литиумски баретии денеска избувна пожар.
Новинската агенција „Јонхап“ извести дека во фабриката се пронајдени околу 20 тела.
Огнот, кој во голема мера е изгаснат, избувна околу 10.30 часот (1.30 часот по Гринич) во фабрика на производителот на батерии „Аричел“, во Хвасеонг, јужно од главниот град Сеул.
„Пожарот избувнал откако низа батериски ќелии експлодирале во магацинот во кој имало околу 35.000 единици“, изјави Ким Џин-Јонг, офицер во локалната Противпожарна бригада.
„Јонхап“ објави дека се пронајдени дваесетина тела, но Ким на брифинг кој го пренесуваше телевизијата рече дека девет лица загинале, а четворица се повредени, од кои двајца се во критична состојба.
(Фото: АФП)







