Возачот на автобусот „Ниш Експрес“ во кој после судирот со воз загинаа седум лица а повредени се 32 е сослушан во основниот суд, по што му беа одредени 30 дена притвор.
Според неофицијални извори, возачот се бранел дека постапил според правилата во сообраќајот, застанал пред пругата, погледнал лево десно па потоа тргнал, а возот одненадеж налетал.
Сепак неофицијално, неговата изјава ја демантира видо снимката од автобусот на која се гледа моментот кога автобусот ја преминува пругата, а возачот не погледнува ни лево ни десно, туку само право.
Возачот е осомничен за тешко дело против безбедност во јавниот сообраќај, а казната затвор која му се заканува може да биде во времетраење од една до осум години.







