На екипите во Лига на шампиони и во Лига Европа од претстојната сезона ќе им биде дозволено да направат четврта замена на играчи во случај на продолжетоци, објави Европската фудбалска унија (УЕФА).
Пред УЕФА таква одлука донесе светската фудбалска организација ФИФА и тоа на Светското првенство во Русија, што се покажа како добар потег.
На сила останува правилото три замени во 90 минути, а потоа, ако не е познат противникот, уште една во дополнителниот половина час.
„Замената и дополнувањето на правилата стапуваат веднаш на сила“, соопшти УЕФА.
Финалето на тие натпреварувања донесува и дури 12 резервни фудбалери на клупата, а во останатите натпревари, стандардно, има по седум.







