Времето утре променливо облачно со сончеви периоди, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ќе дува слаб променлив ветер, велат од УХМР.
Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко.
Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла.
До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд.







