Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, откако беше одложено рочиштето за „Шамарите“ во Општина Центар рече дека е очигледен договор меѓу судот и одбраната со единствена цел за одложување на рочиштето, а на тоа упатува околноста што списите од предметот се наоѓаат во Апелацискиот суд, а беа присутни сите обвинети што не се случило долг период.
„ Иако побаравме објаснување за доставувањето на списите, не добивме одговор – рече Фетаи.
Фатиме Фетаи исто така рече дека СЈО работи и до крајот на неделата ќе ја известат јавноста до каде се постапките кои тие ги водат.







