Веќе подолго време е позната намерата на Фејсбук да стане позастапен на пазарот на видео содржини.
Од тука и не зачудува најновата одлука за значително финансиско вложување на таква содржина, а чии детали ги пренесува Вол Стрит Журнал.
Според нивниот неименуван извор запознат со целата ситуација, намерата на Фејсбук е во текот на 2018 година да вложи и до милијарда долари во продукција на квалитетна оригинална видео содржина.
На тој начин најголемата социјална мрежа која брои две милијарди членови би можела да конкурира на сервисите како што се ХБО (HBO), Нетфликс (Netflix) и Хулу (Hulu). Споменатиот износ се однесува на вкупните вложувања на Фејсбук во видео содржина до крајот на идната година.







