Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Царовска: Се залагаме за едно општество за сите
Во Фокусот

Царовска: Се залагаме за едно општество за сите

октомври 4, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Унапредување на правата на ЛГБТИ лицата во Македонија, но и во земјите од Западен Балкан е тема на Првата регионална конференција за правата на ЛГБТИ која се одржува во Скопје од денеска до шести октомври. Како дел од конференцијата се одржа и министерски состанок на кој освен министите за труд и социјална политика и за здравство Мила Царовска и Венко Филипче присуствуваа и министри од ресорни министерства од Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

На состанокот биле разменети искуства за активностите со кои треба да се обезбеди поправедно и послободно општество за ЛГБТИ. Исто така било договорено да продолжи работата на регионалната интервладина група за ЛГБТИ и Македонија да биде прва земја претседавач.

„Заложбите на македонската Владата се да создадеме едно општество за сите, во кое секој ќе има еднаков пристап до образование, вработување, здравство и заштита од било какво насилство и во ова имаме напредок изминатата година. Подготвивме нов закон за заштита од дискриминација кој е во собраниска процедура и во кој се вклучува сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за дискриминација и истите ги санкционира, но и ја ратификувавме Истанбулската конвенција“, истакна министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, на отворањето на конференцијата.

Биљана Гинова, ко-претседавачка на ЕРА, организиатор на конференцијата, рекла  дека се радува што во Македонија се одржува еден ваков настан, но и дека се надева дека ваквите можности за дијалог и безбеден простор ќе станат сè почести и ќе се креираат во сите земји од регионот.

„До пред скоро две години државата беше најголемиот извор на хомофобија и трансфобија, а вчера бевме гости на прием организиран од две министерства, го одржавме и годишно собрание на ЕРА во просториите на Парламентот, а денес имаме министерски состанок чиј домаќин е Министерството за труд и социјална политика, а каде владините претставници од повеќе земји од регионот дискутираат како да се креираат послободни и поправично општества за ЛГБТИ луѓето во земјите од Западен Балкан и Турција. Ги поздравувам позитивните чекори преземени во изминатата година“, изјави Гинова.

Македонија е единствена држава во поширокиот регион која има Интер-партиска парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето. Во фаза на донесување е и на акциски план со кој треба да се имплементира Истанбуласката конвенција која многу значи за унапредувањето на правата на ЛГБТИ лицата, но и сите други маргинализирани групи граѓани.

актуелно балкан ера лгбти турција царовска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.