Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Цените во март повисоки за 2,5 проценти
Анализи

Цените во март повисоки за 2,5 проценти

април 10, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Трошоците на животот во март годинава, во споредба со март 2016 година, бележат пораст од 0,6 отсто, а индексот на цените на мало пораст за 2,5 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци во март годинава трошоците во споредба со претходниот месец се повисоки за 0,5 отсто, а цените на мало за 1,4 проценти.

Пораст на индексите на трошоците на животот во март 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7,3 отсто, тутунот за 2,6 отсто, безалкохолните пијалаци за 0,8 отсто, другите пекарски производи за 0,7 отсто, полномасното млеко, сувото овошје и јаткастите производи за 0,6 отсто, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,5 отсто, замрзнатото овошје за 0,4 отсто, брашното и другите житарици за 0,2 отсто.

Во март, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 24,2 проценти, болничките услуги за 6,6 отсто, чистењето, поправката и изнајмувањето на облека за 6,2 отсто, телефонските и факс услугите за 5,9 отсто, ветеринарните и другите услуги за домашни миленици за 4,4 отсто, парамедицинските услуги за 4,3 отсто, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 3,8 отсто, туристичките аранжмани за 2,5 отсто, другите услуги за опремата за сопствен превоз за 1,9 отсто, велосипедите за 1,3 отсто, услугите за одржување на станот и услугите за култура за 0,9 отсто, стоматолошките услуги за 0,6 отсто, течните горива за домаќинствата за 0,5 отсто, гасот за домаќинствата, малите електрични апарати, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства, информатичката опрема, книгите и угостителските услуги за 0,4 отсто, цврстите горива за домаќинствата, теписите и другите прекривки за под и текстилот за домаќинство за 0,3 отсто, материјалите за одржување и поправки на станот, мебелот за домаќинствата, другите медицински производи, услугите и предметите за лична хигиена и здравје за 0,2 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот во март 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 3,6 отсто, другите преработки од риба и морски плодови за 1,4 отсто, оризот и компирот за 0,9 отсто, јогуртот за 0,5 отсто, житариците, рибата и морските плодови за 0,3 отсто, месото, сирењето и урдата, маслото и маснотиите, другите прехранбени производи и алкохолните пијалаци за 0,2 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај опремата за фиксни телефони за 4,5 отсто, средствата за чистење и одржување на станот за 1,5 отсто, облеката, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти и другите услуги, неспомнати на друго место за 0,8 отсто, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за домаќинство за 0,6 отсто, лековите за 0,5 отсто, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 0,3 отсто и обувките за 0,2 отсто.

домаќинства овошје трошоци храна цена
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата над 110 долари поради стравувања од ескалација меѓу САД и Иран

мај 18, 2026

Речиси 77 проценти од домаќинствата во ЕУ се без деца

мај 14, 2026

Расте цената на суровата нафта

мај 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.