Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
  • Мицкоски: Имам мандат уште 13 месеци
  • ЈП „Паркови и зеленило“: Не паркирајте под дрва, нѐ очекува силен ветер
  • Од полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Цивил: Политичките партии ги користат сите дупки во Изборниот законик
Македонија

Цивил: Политичките партии ги користат сите дупки во Изборниот законик

април 10, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Политичките партии ги користат сите можни дупки во Изборниот законик за да можат да ја бајпасираат онаа демократска стандардна постапка на убедување на граѓаните да гласаат за еден или за друг кандидат, изјави директорот на Цивил, Џабир Дерала на денешната конференција „Какви избори-таква иднина“.

Дерала вели дека и претходно е востановено од експерти и други релевантни луѓе во овој процес дека изборниот законик се уште е преполн со дупки, и како што вели, некои го споредуваат и со швајцарското сирење.

„Тоа што е загрижувачки е дека политичките партии не научија се уште да си го почитуваат гласачот и да ги почитуваат демократските стандарди. Во текот на изборниот процес највидлива е појавата на говорот на омраза.

Говорот на омраза очигледно е планиран, направен во фази. Фазите се активираат зависно од состојбата во земјата. Прво беше на етничка основа, сега трае една комбинација меѓу етничка, верска и антимигрантска хистерија во еден дел, а не изоставуваат, според нашите извештаи од теренот, ни личните дисквалификации на кандидатите кога зборуваме за активистите на политичките партии. Тоа се рефлектира и во медиумите кои исто така се дел од нашето набљудување, вели Дерала.

Тој посочи дека освен говорот на омраза утврдиле и голем број случаи на злоупотреба на деца и малолетници во политичката кампања.

„Децата ги гледаме на митинзите ги гледаме на фејсбук облечени во разни облеки, симболи итн. и во телевизиските спотови и сметаме дека тоа е неприфатливо, противзаконски, против правата на децата, рече Дерала.

Додаде дека во неколку населени места се подготвува и изборен поткуп, од одредени политички структури.

„Изборниот поткуп дознаваме дека веќе не е 500 денари, туку е покачена цената на гласот и таа ќе изнесува 1000 денари, па и повеќе во деновите пред денот на гласање, а на самиот ден можеби уште повеќе, вели Дерала.

Од ЦИВИЛ сметаат дека има многу слабости кога се работи за изборниот процес.

„Гледаме дека тоа е изборен процес кој има карактер на парламентарни избори. Забележуваме многу сериозно големо инволвирање на врвовите на политичките партии и тоа е една ситуација во која сметаме дека кандидатите за претседател како да губат од видливоста, а всушност за нив се работи, вели директорот на ЦИВИЛ.

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски посочи дека во стандардните процедури во законодавството се вели дека треба веднаш да се донесе нов изборен законик, но, како што рече тоа треба да се направи по изборите. Смета дека една од слабостите на нашиот изборен систем е овозможување на право на глас на нашите граѓани од дијаспората. Информира дека за овој изборен циклус ќе се направат трошоци во износ од речиси 30 милиони денари за 1.782 лица кои се
пријавиле да гласаат на изборите во дијаспората.

„Ова ќе биде најскапиот глас од дијаспората и наметнува една дилема што мора да ја разрешиме. Јас не сум да се одземе еднаш даденото право на нашите граѓани. Но, причините се дополнително и невозможноста да се лоцира нашата дијаспора, да се одредат бројките, бидејќи никој од нашите граѓани кога ја напушта нашата држава не го пријавува своето отсуство повеќе од една година и тоа е проблем што дополнително го оптеретува системот и организацијата на изборите, рече Деркоски.

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски информира дека на веб страницата на Министерството е објавена алатка за пријавување притисок на работното место за време на претстојната кампања за избор на претседател. Тој соопшти дека досега нема пријавено ниту еден случај на притисок.

законик користат партии ЦИВИЛ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Мицкоски: Имам мандат уште 13 месеци

ноември 23, 2026

СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – во ризик пензиските заштеди на граѓаните

ноември 19, 2026

ВМРО-ДПМНЕ со нова реакција за Алта банка: „Филипче должи одговори”

ноември 19, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.