Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шахпаска: Волково ја добива првата детска градинка
Локално

Шахпаска: Волково ја добива првата детска градинка

септември 30, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Граѓаните на Волково добиваат градинка во својата населба, која ќе овозможи згрижување на 175 деца до шестгодишна возраст, рече министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, која заедно со градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, го направија денешниот увид во доуредувањето и опремувањето на објектот. Таа посочи дека со изградбата на градинката на младите брачни парови од Волково ќе им се подобри квалитетот на живеењето што е исклучително важно и при вклучувањето на пазарот на труд.

Градинката ќе има голем кружен атриум со зеленило, а за безгрижна игра на децата во завршна фаза е и уредувањето на надворешното игралиште. Покривната непропусна конструкција е изведена така што во иднина отвора можност за зелен кров, како надоградување на енергетската ефикасност на објектот. Градинката е објект изграден според највисоките европски стандарди, освен што е енергетски ефикасен, објектот располага и со лифт кој ќе овозможи целосна инклузија на децата со попреченост.

„Продолжуваме да го прошируваме капацитетот на детските градинки имајќи ја предвид важноста на предучилишното образование во понатамошниот  развој на децата.  Дополнително работиме и на усовршување и подобрување на професионалните перформанси на вработените во градинките. Затоа што за нас секое дете е важно. Досега министерството за труд и социјална политика со поддршка на Владата успеа да отвори 15 детски градинки, а до крајот на годината остануваат да се отворат уште десет градинки кои што се во финална фаза.  Ова говори за нашата посветеност и за грижата за најмладите во нашата држава. Дополнително во овој момент сакам да информирам за тоа дека свесноста на вработените во градинките имајќи го предвид фактот што 76% од вработените веќе се вакцинирани, говори колку грижата за децата е наш врвен приоритет“, рече Шахпаска.

„Во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Владата успеаваме да ја изградиме првата градинка во Волково. Со овој објект, децата ќе добијат модерен простор за игра и учење по највисоките светски стандарди. Оваа населба постојано расте и се проширува, па со новата градинка етапно решаваме еден од најгорливите проблеми недостигот на просторни услoви за згрижување на децата. Посветено работиме за изградба на уште две нови градинки во Ново Село и Дексион“, рече Наумовски.

Министерката Шахпаска при увидот посочи дека оваа градинка е дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги, којшто го спроведува  МТСП со поддршка на Светска банка.

Само преку Проектот за подобрување на социјалните услуги, 16 општини во земјава добиваат нови градинки или преку градежни зафати го зголемуваат капацитетот за прием на деца. Три од нив се веќе пуштени во употреба, а 9 се во изградба. Со овие 16 градинки го зголемуваме опфатот за приближно 2.000 нови места во градинките. И, не застануваме тука. Ние како Влада зацртавме, и тоа веќе го исполнуваме, дека до крајот на тековниот мандат ќе обезбедиме вкупно 7.500 нови места за децата во предучилишното згрижување и ќе достигнеме 60% опфат во градинките и во центрите за ран детски развој во општините ширум земјата.

За изградба на градинката во Волково се потрошени 87 милиони денари, и дополнителни 6,3 милиони денари за внатрешно опремување во градинките.

волково градинка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР: Дестабилизација на времото, невреме и поројни дождови за продолжениот викенд

мај 19, 2026

Во деновите од викендот нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер

мај 14, 2026

Времето облачно со дожд и ветер

мај 8, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.