Американскиот милијардер Роналд Баркл доби српско државјанство

Шеесет и седумгодишниот американски бизнисмен Роналд Баркл денеска доби српско државјанство.

Баркл е роден на 12 ноември 1952 година во местото Помона, близу до Лос Анџелес.

Кон крајот на декември минатата година Србија отвори конзулат во Монтрана, кој покрај таа американска сојузна држава, ја опфаќа и територијата на државата Вашингтон, а Баркл е именуван за почесен конзул.

Новиот државјанин на Србија во 1986 година ја основа компанијата „Јукаипа“ и стана познат како еден од најистакнатите инвеститори во секторот малопродажба, дистрибуција и технологија, како и во индустријата за забава, во спортот и во угостителството.

Тој моментно е претседател на одбор и сопственик на контролниот дел на акции во неколку големи американски компании.

Во 2013 година Баркл беше на 201 место на листата на Форбс на најбогати Американци.