Британски парламент: Брегзит може да почне

Британските пратеници го поддржаа планот на владата за отпочнување на преговорите за излегување од Европската унија до крајот на март.

За оваа одлука гласале 461 пратеник, додека 89 биле против, пренесува Ројтерс.

Опозициската Лабуристичка партија поднесе предлог во кој се повикува владата да го изнесе својот план за напуштањето на ЕУ, пред таа да го активира членот 50 од Лисабонската спогодба и започне формален процес за излегување.

Владата го прифати тој необврзувачки предлог, но за возврат побара пратениците да го почитуваат резултатот од референдумот и да ја поддржат временската рамка за Брегзит.